Светски ден на бездомништвото

Во организација на Црвениот крст на Град Скопје денеска во Пунктот за бездомници – Момин Поток ќе биде одбележан Светскиот ден на бездомништвото.

Пунктот за бездомници во Момин Поток функционира деветта година по ред и нуди услуги, помош и поддршка на 50 бездомници на дневна основа кои редовно го посетуваат секој петок и има за цел да овозможи тие да ги остварат основните човекови права и да се реинтегрираат во општеството.

Бездомниците во пунктот можат да ги користат услугите за одржување на хигиената, а со нив работи и тим од доктор, психолог и социјална работа. Тие исто така добиваат и облека, храна и други материјални добра.

Би те интересирало и

Невладините се’ уште немаат официјален одговор за завршницата на истрагите за нивната работа

Дваесетината невладини организации чија работа беше предмет на истрага, се’ уште немаат официјални информации за ...

Македонец од Мелбурн потрошил 300.000 долари од донации на алкохол и на гаќи

Пензионерот Борис Трајков (76), поранешен новинар во македонската редакција на австралиското државно радио за националностите ...