Светски метеоролози: Долго, топло и сушно лето во Јужна и Источна Европа

Реномираната американска компанија за метеролошка прогноза  АјкуВедер (AccuWeather) предвидува дека за подрачјето на јужна и источна Европа ова ќе биде долго топло лето со опасни топлотни удари и суша. Според прогнозите на АјкуВедер на ова подрачје се очекува долг период со температури над вообичаениот просек, особено во Италија и на Балканскиот Полуостров.

Особено долгиот топлотен бран ќе биде изразен во текот на јули и август.

– Температури над 32 степени Целзиусови ќе бидат вообичаени во текот на целото лето, а ќе има и најмалку еден подолг период на опасни горештини, кој ќе трае најмалку седум дена – се наведува во прогнозата, со посебна напомена дека можат да се очекуваат и температури, кои ќе бидат над досегашните температурни рекорди.

Метеорологот, Аен Реперт говорејќи за подрачјето на Балканот изјави дека најголема опасност од високи температури им се заканува на Македонија, Унгарија и Романија.  Неговиот колега, Тајлер Ројс не ја исклучи можноста од појава на зголемено ниво на смог и лош квалитет на воздух.

Како последица на високите температури ќе се појави суша, што негативно ќе се одрази врз посевите.

Додади коментар

Би те интересирало и

Нов силен земјотрес го погоди Мексико

По двата разорни земјотреси, едниот со јачина од 8,2 степени, а другиот од 5,8 степени ...

Ердоган: САД немаат право да и’ кажуваат на Турција какво оружје ќе купува

Турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган оцени дека САД немаат никакво право да и префрлат нешто ...

Close