Свет – Page 20 – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Последни вести

Каталонскиот парламент в четврток ќе ги разгледува идните чекори во врска со членот 155

Каталонскиот парламент ќе одржи пленарна седница в четврток претпладне, на која ќе донесе решение како ќе реагира на одлуката на шпанската Влада за преземање директно управување со областа – најави портпаролот на регионалната партиска коалиција „Заедно за ДА“. Коалицијата планира да го обжали пред суд активирањето на членот 155 од ...

Повеќе »

Помпео: Ако Ким изненадно почине, не ме прашувајте ништо

Директорот на ЦИА, Мајк Помпео изјави дека не тре ба да му се поставуваат никкави прашања, во случај кога севернокорејскиот лидер, Ким Џонг Ун, изненадно би умрел. „Доколку Ким почине, имајќи ја во предвид историјата на ЦИА, едноставно нема да зборувам за тоа. Некој би можел да помисли дека тоа ...

Повеќе »

Малта: Владата понуди награда од милион евра за информации за убиството на новинарката Дафне Каруанa Галиција

ладата на Малта понуди еден милион евра и целосна заштита на секој кој има информации кои би довеле до откривање на убијците на новинарката Дафне Каруанa Галиција. Taa загина во експлозија на бомба поставена под нејзиниот автомобил. Владата соопшти дека случајот со убиството на Каруана Галиција е случај од исклучителна ...

Повеќе »

Ердоган: Америка не може да се нарече цивилизирана држава

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, остро ги критикуваше САД поради, како што вели, недемократските обвинувања против неговите телохранители. Тие се обвинети поради тепачка со демонстрантите за време на посетата на Ердоган на Вашингтон во мај. „Велат дека САД се колевка на демократијата. Тоа не може да биде вистина. Тоа не ...

Повеќе »

На аукција писмо од Титаник, се очекува да надмине 100.000 долари

Писмо пронајдено кај еден човек кој загинал во потонувањето на Титаник се очекува да достигне цена од 105.000 долари на аукција што се одржува денеска. Во писмото, кое патникот во прва класа Александар Оскар Холверсон и го напишал на својата мајка на хартија со наслов на кој е втиснато името ...

Повеќе »

Рахој: Шпанската Влада го започна процесот на суспендирање на каталонската автономија

Шпанскиот премиер, Маријано Рахој денеска најави дека Владата го отпочнува процесот на одземање на автономијата на регионот Каталонија. „Одлуката е одговор на постапите на каталонската Влада, кои беа еднострани, спротивни на законот и со кои се бараше конфронтација“, изјави Рахој во денешната прес конференција. Рахој додаде дека шпанската Влада не ...

Повеќе »

Бразилската полиција уапси над сто лица за педофилија

Бразилската полиција уапси 108 лица во најголемата полициска акција против педофили во историјата на латинска Америка. Министерот за правда, Торквато Јардим изјави дека оние што се наоѓаат во притвор биле учесници на синџир што делел порнографски фотографии на деца преку телефон и компјутер.

Повеќе »

Телефонски разговор на Путин и Ердоган за ситуацијата во Сирија

Претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган дадоа позитивна оценка за соработката во рамките на Астанскиот процес за решавање на сирискиот конфликт. Прес службата на Кремљ соопшти дека двајцата претседатели телефонски разговарале при што размениле мислења за соработката во создавањето зони за деескалација во Сирија. Тие ...

Повеќе »

Бројот на жртви во најсмртоносниот напад во Сомалија достигна 358 лица

Бројот на загинати во најсмртоносниот напад во Сомалија извршен пред една недела достигна 358 лица – напиша на Твитер сомалискиот министер за информации, Абдирахман Осман. Вкупно 228 луѓе се повредени, а 56 се водат како исчезнати по нападот со камион-бомба во сомалискиот град Могадишу. Владата во Сомалија ја обвини за ...

Повеќе »

Тинејџер отвори оган во училиште во Бразил, уби двајца ученици

Ученик во едно приватно училиште во Бразил отвори оган и уби двајца ученици, а четворица се повредени, по што е уапсен – соопштија локалните власти. Полицијата и пожарникарската служба во градот Гојана соопштија дека жртвите се на возраст од 12 и 13 години, а ученикот кој пукал има 14 години. ...

Повеќе »

Разбиена меѓународна група шверцери на мигранти

Во заедничка соработка меѓу албанската, грчката, италијанската и црногорската полиција разбиена е меѓународна криминална група, која се занимавала со трговија на мигранти преку Јадранско Море кон Италија. Во оваа криминална мрежа главна улога имале албански државјани познати и по шверц на цигари, кои набавувале брзи моторни чамци за транспорт на ...

Повеќе »

ЕП: 10 евра за влез во ЕУ за граѓаните со безвизен режим од 2020 година

Комитетот за граѓански слободи на Европскиот парламент денеска го усвои предлогот на Европската комисија за државјаните на трети земји ослободени од визи за влез во Шенген-зоната, меѓу кои и граѓаните на Република Македонија, од 2020 година да треба да аплицираат за дозвола за патување пред да пристигнат во Европската Унија. ...

Повеќе »

Пуџдемон до 10 часот мора да одлучи за независноста на Каталонија

Мадрид му даде рок на Пуџдемон до денеска изутрина да даде прецизен одговор дали прогласува независност или не. Шпанскиот заменик-премиер Сораја Саенз де Сантамарија претходно изјави дека шпанските власти ќе побараат укинување на автономијата на Kаталонија, доколку лидерите на таа покраина не ги повлечат своите барања за независност. „Доколку сепаратистичкиот лидер, ...

Повеќе »

Американски сенатори постигнаа договор за Обамакер, Трамп го поддржа

Двајца водечки американски сенатори, од редовите на републиканците и демократите, постигнаа меѓупартиски договор за продолжување на финансирањето на сојузните субвенции за здравствено осигурување, со што спорниот закон на претходниот претседател Барак Обама, кој Доналд Трамп се обидува да го урне, ќе добие уште две години. Американскиот претседател Доналд Трамп му ...

Повеќе »

Поради снежна бура блокирани патиштата во североисточна Турција

Снежна бура ги блокира патиштата во турскиот североисточен регион Ардахан. Снежна бура ги блокира патиштата во турскиот североисточен регион Ардахан, јави СиЕнЕн-Турк. Интензивните снежни врнежи почнаа вчера околу пладне, а во текот на вечерните часови регионот беше зафатен и со силен ветер. Снежната бура ја ограничи видливоста по патиштата и ...

Повеќе »