СДСМ го разгледува предлог законот за употреба на јазиците од ДУИ

Работните комисии на СДСМ веќе два дена го разгледуваат предлог законот за употреба на јазиците, кој ДУИ го достави до социјалдемократите.

Од партијата денеска не откриваат детали, ниту пак дали раководството на партијата има некакви забелешки во однос на барањата на албанските партии. Претседателот на Комисијата за транспорт и врски Благој Бочварски изјави дека нема конкретен рок до кога ќе одговорат на предлогот на партиите, но се надева дека тоа ќе се случи брзо.

“Работната група во СДСМ го разгледува тој предлог, немаме ништо ново да соопштиме од тоа што вчера го соопшти претседателот. Во моментот кога има нешто да соопштиме, веднаш ќе ве информираме. Што е моќно поскоро ќе излеземе со нашиот став, бидејќи Македонија нема време повеќе за губење и мораме да одиме напред.” – изјави Благој Бочварски – Претседател на Комисијата за транспорт и врски

Би те интересирало и

Случај Труст: На денешното рочиште дојде и вториот сведок

Во 12.30 треба да продолжи денешното судско рочиште за случајот ,,Труст“ на СЈО. Целата вест ...

Голема акција за чистење на Скопје

Со цел да се намали загаденоста во главниот град, градските власти од општина Бутел ја ...