СДСМ: Градска болница не прима итни случаи поради расипан лифт!

СДСМ бара од минестерот за здравство Никола Тодоров, Градската болница во Скопје веднаш да биде оспособена да прима итни хируршки случаи. Порачува дека за евентуалните последици по здравјето на граѓаните кои се препраќаат по други болници ќе се бара одговорност.

– Втората по големина хируршка установа во Македонија, Градската болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје веќе 9 дена, не прима итни случаи, поради скандалозна причина – расипан бил лифтот! Во прилог на ова соопштение е Известувањето од директорката Јасминка Чабуковска до лекарите и до медицинскиот персонал, итните пациенти да се пренасочуваат во други здравствени установи. Како што може да се види на штембилот горе, Известувањето е издадено на 10 февруари и во него стои дека лифтот ќе бил поправен во рок од три дена, до 13 февруари. Денеска е 19 февруари. Лифтот во Градската болница сѐ уште не работи. Според информациите од чесни лекари, загрижени за здравјето и животот на пациентите, се враќаат итни случаи, донесени повредени граѓани, кои се пренасочуваат по други болници. Луѓето не се информирани дека доаѓањето до Градската болница е само губење време. Некои од нив, ваквата несериозност на раководството на болницата и на здравствените власти може да ги чини и живот – велат од СДСМ.

Според информациите на партијата, лифтот не бил поправен досега, бидејќи поправката чинела скапо.

– Ова е класичен доказ за несовесните криминални приоритети на власта во заминување, којашто 10 години ја интересираат само тендери, но не и здравјето на граѓаните. Затоа итно е потребна нова одговорна Влада посветена исклучиво на интересите и потребите на граѓаните и на нивното здравје – порачува СДСМ.

Би те интересирало и

Умерен земјотрес ја погоди Турција

Земјотрес со интензитет од 5,1 степен според Рихтерова скала синоќа го погоди југозападниот дел на ...

Креативна работилница „Благодарен сум за…“

Креативна работилница на тема „Благодарен сум за…“, наменета за родители со деца на возраст од ...