СДСМ доминира и според бројот на освоени мандати во советите на општините

ржавната изборна комисија (ДИК) вчера, пред полноќ, ги објави мандатите, односно освоените места во советите на општините на локалните избори што се одржа во неделата.

Во Битола, идниот Совет на Општината ќе има 17 советници од коалицијата на СДСМ, 11 од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, како и двајца независни советници и еден од коалицијата на ДУИ, Беса и на Алијанса на Албанците.

Во Советот на Општина Охрид ќе има 11 советници од СДСМ и коалицијата, 10 од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, двајца од коалицијата на ДУИ, Беса и на Алијанса за Албанците, додека во Струга Алијанса на Албанците освоила осум мандати, СДСМ и коалицијата – седум, ДУИ – шест, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата – четири и Беса – две советнички места.

Во Куманово исто така преовладува СДСМ, со освоени 16 советнички места, додека ВМРО-ДПМНЕ, заедно со коалициските партнери, во Советот на Општина Куманово ќе биде претставувана од 11 советници, ДУИ од тројца, Беса од двајца и Алијанса на Албанците од еден советник.

Во Советот на Општина Штип влегуваат само коалицијата на СДСМ, со 12 мандати, и ВМРО-ДПМНЕ и нејзините коалициски партнери со 11 советнички места.

Во Тетово, ДУИ е прва со девет советнички места, потоа е Беса со шест, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата имаат пет, Алијанса на Албанците – четири, а ДПА и СДСМ имаат по три мандати. Последна е Демократска партија на Турците во Македонија, која има еден мандат.

Во Струмица доминира СДСМ со 14 советници, а освен неа влегува уште коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со девет мандати.

Во Кичево ДУИ има девет мандати, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ има шест, СДСМ има четири мандати, Алијанса на Албанците – три и Беса – еден.

Интересен е составот на Советот на Општина Македонски Брод, каде од вкупно 11 советници, дури пет се независни. Во Советот на Општина Могила, слично како во соседната Битола, ќе има тројца независни советници. Во Битола две од советничките места се за кандидати од независните листи.

Во скопската општина Чаир, од 27 советници, четворица се од коалицијата на СДСМ и исто толку од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, додека другите се на ДУИ – девет, Беса – осум и на Алијанса на Албанците – два советника.

Во Арачиново, пак, ќе преовладува СДСМ. Покрај тоа што го освои градоначалничкото место уште во првиот круг на изборите во неделата,  ќе доминира и во Советот на Општината, со девет мандати, а следуваат ДУИ со три, Алијанса на Албанците со два и Беса со еден советник.

Во Центар исто така доминира СДСМ, со 16 советнички мандати, а ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата имаат седум мандати.

Во Карпош, пак, партијата ГРОМ на досегашниот градоначалник Стевчо Јакимовски освои само два мандата, додека СДСМ и коалицијата имаат 14, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата – шест, а во Советот на Општината ќе влезе и Левица со еден советник.

Извор: Мета

Би те интересирало и

Денеска се прегласува во Чаир

Во избирачкото место 2901 во општина Чаир денеска повторно се гласа за градоначалник. По вториот ...

Утре ќе се прегласува на едно избирачко место во Чаир

Во општина Чаир во избирачкото место 2901 утре ќе биде повторено гласањето од вториот круг ...