СДСМ обвинува дека Коневски профитира од наводни бесплатни реклами, Општината негира

Градоначалникот на Аеродром, Ивица Коневски профитира од наводните бесплатни рекламни кампањи за општината – обвини денеска на прес конференција, претседателот на ОО СДСМ Аеродром, Златко Марин. Од општината пак, реагираат дека СДСМ држи безидејни конференции за себепромоција.

Зошто градоначалникот, Коневски јавно не ги објавува имињата на фирмите и медиумите кои наводно бесплатно го рекламираат – праша на денешната прес конференција, претседателот на СДСМ Аеродром, Златко Марин. Тој го повика Коневски да одговори дали наводно бесплатните реклами се всушност контра услуга за поволности при изнајмување на воениот базен.

„Дали ваквите противуслуги со фирма што ги продуцирала спотовите е причината што Коневски крие кој ги изработил и дали ваквата размена на услуги е причината што Коневски не објави ниту еден договор за снимање и емитување реклами, иако тоа е законска обврска.  Третпат прашуваме зошто јавно не ги објавува имињата на фирмите и медиумите кои наводно бесплатно го рекламираат? Граѓаните мора да ја знаат вистината за оваа кампања. Затоа поднесовме барања да се објават договорите со кои се регулирани односите за изработување рекламни спотови и нивно емитување“, истакна Марин.

Од Општината се огласија со соопштение во кое наведуваат дека нема потрошено ниту еден денар од Буџетот за рекламирање на својата работа и за рекламирање на проектите .

Од општината му сугерираат на претседатеот на ОО на СДСМ Златко Марин да ги повика државните органи да направат контрола во работењето на општината и да се уверат во транспарентноста и законитоста на нејзиното работење.

Додади коментар

Би те интересирало и

Центарот на Тетово раскопан половина година

Центарот на Тетово половина година се дави во прашина, поради запрените активности за реконструкција на ...

Од попладне врнежи во западните делови

Во попладневните часови облачноста ќе се зголемува, во западните делови ќе има локален дожд, кој ...

Close