СДСМ: Раководството на ВМРО-ДПМНЕ се обидува да си ги спаси личните богатства, на сметка на интересите на граѓаните

Институциите, пратениците и политичките партии имаат обврска да ја спроведат мнозинската волја на граѓаните кои на 11 декември јасно се изјаснија за промени – велат од СДСМ во денешното соопштение за јавноста.

Соопштението ви го пренесуваме во интегрална верзија:

Блокадите во Собранието, поттикнувањето тензии меѓу граѓаните и насилства што водат кон целосна парализа на државата е погазување на Уставот и на правото во Македонија и загрозување на стабилноста. Тоа се сериозни дела против државните интереси и секоја институција и поединец треба да знае дека повлекува сериозна одговорност!

Велјаноски и Иванов не смеат да ги штитат криминалните платформи на Никола Груевски и на раковоството на ВМРО-ДПМНЕ кои се обидуваат да си ги спасат личните богатства и интереси, на сметка на интересите на граѓаните и фирмите на кои им е загрозена егзистенцијата и тешко примаат плати. Ситуацијата дополнително ќе се влоши кога ќе престанат сите ингеренции на градоначалниците и советите во општините, нови локални избори не може да се закажат без нов собраниски преседател и тоа ќе значи блокада на целиот државниот систем.

Затоа државата мора без одложување да профункционира! Демократските процеси е неоходно да продолжат!

Македонија има легитимно парламентарно мнозинство од 67 пратеници зад кое застанаа околу 700 000 граѓани.

Тоа мнозинство е дожно да избере легитимен претседател на Собранието согласно Уставот и Деловникот и да ја формира нова реформска Влада на граѓаните, што е јасно за целата домашна и меѓународна јавност.

Само новата Влада може ја заштити унитарноста на Македонија, да обезбеди правда и квалитетен живот за сите наспроти поделбите, изолацијата и економскиот крах и загрозувањето на мирот, кон што водат активностите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Промените се неизбежни. Македонија ќе биде модерна демократска европска држава, водена од одговорни личности и институции.

Би те интересирало и

СРК Мамец го пориби прилепското вештачко езеро

Согласно законската обрска што ја има како концесионер за ревирот Спортско риболовниот клуб „Мамец“ од ...

Обвинителката Ленче Ристоска е за легализација на канабисот, но во строга законска процедура

Во просториите на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, се одржа научна расправа на тема ...