СДСМ тврди дека со ВМРО-ДПМНЕ освоиле по 51 пратенички мандат

sdsm-izbori-2016

Од партијата истакнуваат дека мнозинството граѓани на вчерашните парламентарни избори гласале за промени.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) рано утринава (04:35) соопшти дека согласно резултатите од нивниот аналитички центар на партијата, бројот на освоени мандати на СДСМ е 51 и оти ВМРО-ДПМНЕ освоила, исто така, 51 мандат.

„Мнозинството граѓани на вчерашните парламентарни избори гласаа за промени. Таквата волја на граѓаните стана евидентна и покрај многубројните примери на притисоци, заплашување и купување гласови“, се вели во соопштението.

Според СДСМ, шпекулациите со изборните резултати што ги прави Собранието на РМ на својата веб-страница се спротивни на закон. Собранието нема никаква улога во изборниот процес, наведува СДСМ.



Додади коментар

Би те интересирало и

ОТЕЖНАТ СООБРАЌАЈ: Поради сообраќајна незгода на тешко товарно возило во близина на Росоман кон Прилеп

Поради сообраќајна незгода на тешко товарно возило во близина на Росоман кон Прилеп, сообраќајот се ...

Времето денеска: Сончево и топло со засилен северен ветер

Сончево и топло со умерена облачност и со умерен до засилен северен ветер. Утринските температури ...

Close
Advertisment ad adsense adlogger