СДСМ: Ќе вложиме 600 милиони евра во првите две години за модерни патишта – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

СДСМ: Ќе вложиме 600 милиони евра во првите две години за модерни патишта

Ќе вложиме 600 милиони евра во првите две години од мандатот за изградба на патишта. Секој граѓанин да има пристапен сигурен и безбеден пат до секое населено место во Македонија, информираат од опозицискиот СДСМ.

– Уште во првите 6 месеци од мандатот ќе усвоиме Стратешки план за инвестициите во патната инфраструктура во Македонија. Планот е целосно да се модернизира целосната инфраструктура во Македонија со инвестиции од 3 милијарди ерва во следните 10 години. Со тоа ќе обезбедиме изградба на: 600 километри автопатишта и експресни патишта, 550 километри магистрални и регионални патишта, 1.000 километри локални патишта – се наведува во партиското соопштение.

Според нив, недозволиво е во 21-ви век голем дел од жителите во Македонија да бидат отсечени од светот, затоа што немаат пат.

– Граѓаните да се движат по калливи, непроодни и небезбедни патеки наместо патишта. Луѓето и туристите да се движат по небезбедни автопатишта. Во Планот за живот се обврзавме и дека ќе ја модернизираме патната инфраструктура со електронски патарини, што ќе ги поместиме на излезите на автопатите, со цел да се намали времето на патување – велат од СДСМ.

Би те интересирало и

Греењето на дрва најисплатливо, на струја еколошки најприфатливо

Греењето со огревни дрва се уште е економски најисплатливо во Македонија, а греењето со електрична ...

Нивото на Вардар кај Јегуновце четири пати пониско

Четири пати пониско од просекот за јануари е нивото на реката Вардар кај Јегуновце, покажува ...