СДСМ: Ќе има целосен реизбор во судството, криминалната власт не може да ја спречи правдата – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

СДСМ: Ќе има целосен реизбор во судството, криминалната власт не може да ја спречи правдата

„Никој и ништо нема да ја спречи правдата. Во Република Македонија ќе има правда, а сите кои правеле криминал и зло дела ќе одговараат.

Така одлучија над 612.000 граѓани на Македонија и тој процес е незапирлив. Во Македонија ќе се спроведат темелни реформи според извештаите на Рајнхард Прибе и на Европската комисија, што ќе обезбедат независни институции.

Ќе има целосен реизбор на судии. Судиите ќе работат во заштита на граѓаните, а не по партиски директиви како досега.

Затоа сите обиди на криминалците, и надежи, дека може да ја избегнат правдата се јалови.
Порачуваме на институциите, да не се вовлекуваат во заштита на криминалната власт во заминување, која не избира кого ќе повлече со себе, во паниката од промените што доаѓаат“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би те интересирало и

Иванов ја посети Железната црква во Истанбул

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов кој е во официјална посета на Турција, вчера ја ...

Претседателот Иванов со сопругата ќе се сретнат со Ердоган во Турција

Претседателот на Република Македонија,  Ѓорге Иванов, придружуван од сопругата, г-ѓа Маја Иванова, од денеска престојува ...