Сеад Кочан во моментот е пак на Кардиологија, чека дополнителни испитувања

Бизнисменот Сеад Кочан, кој е осомничен во случајот „Труст“ од СЈО во моментот е повторно на скопската Клиника за кардиологија, каде чека да му бидат направени дополнителни испитувања, дознава „Фокус“ од извори во болницата.

Според нашите информации, Кочан чека да му биде извршена коронграфија на срце, откако пред два дена завршил на клиниката во прединфарктна состојба. Според тврдењата на лекарите, бизнисменот бил донесен во лоша здравствена состојба и како што дознавме му бил вграден стент.

„Фокус“ се потруди повторно да стапи во контакт со директорот на Кардиологија, Сашко Кедев, но тој не одговараше на нашите телефонски повици.

Кочан веќе два месеци беше на „службен пат“, односно бегство, откако претходно му беше одреден притвор, Кривичниот совет, составен од судијките Моника Бахчовановска и Љубинка Башевска ќе одлучуваат дали тој ќе оди во притвор, откако Врховниот суд во петокот ги укина решенијата на кривичниот совет и Апелациониот суд според кои Кочан требаше да биде во притвор.

Превземено од: Фокус

Би те интересирало и

Бејли: Јас не го почнав случајот со ДИК

На денешното предавање за корупција пред студентите на Правниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“  во ...

Штитеничка од Велес од неделата го напуштила Домот за стари лица во Прилеп

Од неделата попладне четириесет и деветгодишната Каролина Арсова од Велес, која од 2013-та година била ...