Седници на две собраниски комисии – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Седници на две собраниски комисии

Sobranie_6

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за финансирање и буџет и за транспорт, врски и екологија.

На дневниот ред на седницата на Комисијата за финансирање и буџет е Годишниот извештај за работата на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2015 година, како и предлог-одлуките за давање согласност на Стратешкиот план на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2016 година, на Програмата на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2016 година и на Финансискиот план на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2016 година.

Годишниот извештај на Македонската радио-телевизија за 2015 година е единствената точка по која на денешната седница ќе расправаат членовите на Комисијата за транспорт, врски и екологија.

Би те интересирало и

„Тврдокорните“ протестираа против Законот за јазиците

  „Тврдокорни“ , „Македонските обединети сили“ и уште неколку здруженија, денеска протестираа пред македонското собрание ...

Бачев ќе ги поништува документите за влез на Македонија во ЕУ и НАТО

„Народното движење за Македонија на денешниот конгрес, одлучи да се преимени во „Единствена Македонија“. Избрани ...