Седуммина загинти, 47 повредени при експлозија во затвор во Венецуела – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Седуммина загинти, 47 повредени при експлозија во затвор во Венецуела

Screenshot-2-15

Седум затвореници загинаа, а 47 други се ранети при експлозија во дворот на затворот Алајон во венецуелскиот град Маракај, којшто се наоѓа западно од престолнината Каракас, пренесува БТА.

Обвинителството соопшти дека едно лице, чиј идентитет засега не е познат, фрлило две експлозивни направи во затворот. Експлозивите биле фрлени во периодот од  денот кога затворниците се собираат во затворскиот двор.

Венецуелските затвори се вообичаено преполнети, а безаконието во нив е секојдневна нормална појава. Затворскиот систем е со капацитет за околу 16.000 затвореници, а моментиот број е 50.000, според Центарот за надзор на венецуелските затвори.

Голем дел од казнените установи практично се преземени од одредени затворенички банди коишто, меѓу другото, имаат и пристап до разни оружја.

Би те интересирало и

Вулкан избувна во јапонско скијачко одморалиште

Вулкан избувна во ски-центар во Јапонија , северозападно од Токио. Тоа е вулканот Кусацу-Шијаран , сместен на 2.160 метри ...

Илјадници жени протестираа против Донлад Трамп

Голем протест на жените се одржа во Лос Анџелес една година по изборот на Доналд Трамп ...