Седуммина рудари загинаа во нелегален рудник во турскиот град Ширнак

Седуммина рудари загинале при уривање на сводот на рудник за јаглен во градот Шернак, во источна Турција.

Турскиот вицепремиер и портпарол на турската Влада, Бекир Боздаг потврди дека загинале седум рудари. Турското Министерство за енергетика и природни ресурси објави дека рудникот во кој се случи трагедијата, бил нелиценциран и нелегален.

Рудникот била затворен уште во 2013 година со одлука на Генералната дирекција за рударски активности поради констатирани проблеми и ризици за животот и безбедноста на вработените во рудникот.

Најголемата рударска несреќа во Турција се случи во мај 2014, кога во градот Сома загинаа 301 рудар.

Би те интересирало и

Единаесетта ротација на словачки полицајци во Македонија

Од Амбасадата на Република Словачка во Скопје информираат дека на 15 ноември, врз основа на ...

Најбараниот убиец од Балканот живее луксузно во Велика Британија

Селами Чокај дошол во Велика Британија во 1999 година, но е депортиран 10 години подоцна, ...