Седуммина турски армиски лица добија доживотни казни затвор поради обидот за пуч – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Седуммина турски армиски лица добија доживотни казни затвор поради обидот за пуч

Суд во Истанбул осуди седум армиски припадници на доживотен затвор поради вмешаност во минатогодишниот обид за преврат во државата.

Тие беа прогласени за виновни по обвиненија за уривање на уставниот поредок, јави Си-Ен-Ен Турк.

Петмина од нив добија по уште 200 години затвор секој од нив, а другите двајца по 166 години и осум месеци. Медиумот јави дека армиските лица окупирале логистички центар во Истанбул и џамија.

Турската Влада смета дека организатор на обидот за пуч на 15 јули 2016 година е исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен кој живее во САД.

Би те интересирало и

Ѕанакопулос: Не постојат притисоци врз Грција за прашањето за името

Не постои никаков притисок врз грчката страна за прашањето за името, вели портпаролот на владата ...

Меркел: На Балканот му требаат автопатишта, а не студии за изводливост

Германската канцеларка отворено ја критикуваше ЕУ поради бавноста во спроведувањето на проектите и исплатата на ...