Седумнаесет сообраќајки во Скопје: Еден возач е тешко повреден

Возач се здобил со тешки телесни повреди во една од вкупно 17 сообраќајни несреќи регистрирани во изминатите 24 часа на подрачјето на СВР Скопје. Во 11 полесно се повредени 15 лица, а во пет сообраќајки е причинета материјална штета.

Во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци, меѓу кои девет возачи кои не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење, 11 возачи го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано, како и 23 возачи кои за време на управување на возилото не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон. Затекнати се 83 непрописно паркирани возила.

Санкционирани се и пет пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин, односно поминале на црвено светло на семафор. Со помош на специјалното возило пајак, отстранети се 75 возила.

Во рамките на сообраќајно воспитната акција „Да ги заштитиме децата во сообраќај“, Одделението за превенција денеска ќе реализира едукативни работилници со учениците во четврто одделение во ООУ „Кочо Рацин, кое се наоѓа на подрачјето на општина Центар.

Денеска во просториите на Полициската станица од општа надлежност „Гази Баба“ со почеток во 19 часот ќе се одржи воспитна мерка – сообраќајна поука, на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот во својство на возачи кои не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото.

Би те интересирало и

Виница: Вооружени крадци ги затвориле вработените во тоалет и го ограбиле казиното

Двајца маскирани крадци вооружени со пиштоли изутринава околу 6.15 часот го ограбиле казиното на улицата ...

Користејќи туѓ Фејсбук профил зел 600 евра од негови пријатели

Вчера околу 17 часот З.М. (55) од гостиварското село Чајле, пријавил компјутерска измама од засега ...