Седум години чекаат трансфорамција на земјиште за да градат пензионерски станови – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Седум години чекаат трансфорамција на земјиште за да градат пензионерски станови

Здружението на пензионери од Струмица речиси седум години чека дозвола за тарнсфорамција на земјиштето, кое го користат за да градат пензионерски станови. Постапката заглавила во Одделението за имотно правни работи при Министерството за Финансии. Станува збор за повеќе од илјада метри квадратни земјиште кое се води на Р.Македонија, а на кое Здружението има своја зграда, ресторан, канцеларии. Сакаат да го откупат,  но одлука на државните органи нема. Успеале да издејствуваат и промена на урбанистичкиот план за да подигнат  стамбена зграда со 30 еднособни станови, но никако да добијат сопственост врз земјиштето иако аплицирале. Претседателката, Данче Даскаловска вели дека работите се вртат во круг околу нивното барање за откуп односно трансформација на земјиштето.

,, Од 2011 до ден денеска ова прашање не е решено во Имотно правни односи а таа служба потпаѓа под Министерството за финансии во Скопје. Се што бараа им доставивме дури сега пред една година бараа и тоа што не е во законот. Но го доставивме само да го добиеме решението  за да бараме одборение за градба. Од кога сум дојдена тука и заштедивме пари, да не бараме пари од друго место за да ги изградиме тие 30 еднособни станови. Само да се даде решение од имотно правни работи, да го платиме по едно евро по тој закон  па и колку сака нека е да го платиме и преку службите за урбанизам да добиеме одобрение за градба и да ги изградиме тие 30 едноснобни станови. Досега не сме добиле такво решение а имаме многу потреба“,  вели претседателката на Здружението на пензионери од Струмица,  Данче Даскаловска.

На вратата на Здружението секојдневно доаѓаат и прашуваат има ли слободни станови каде можат да се сместаат пензионери кои го немаат решено стамбеното прашање, а не сакаат да бидат товар на своите деца. Даскаловска тврди дека бројот на заинтересирани е огромен. Затоа планирале да изградат 30 еднособни станови за кои имале обезбедено пари. Нивната желба е да им помогнат на сите свои колеги.

,,Имаме многу. Можеби тие 30 станови нема многу да помогнат, бидејки за пензионери досега нема градено станови во Македонија. Се градеа станови и доделуваа на вработени, за лица со ниски примања ама за пензионери во Македонија никогаш нема изградено станови да се доделат. Затоа има потреба да се направат тие станови за да колку толку 30 семејства да бидат згрижени. Ние имаме прилично пари да може да ги изградиме тие станови ако не повеќе, до карабина фаза. Ако треба после ќе земеме и кредит. Јас сум дипломиран економист, можам да направам програма и да земеме пари од сите тие фондови на ЕУ но треба да имаме комплетна документација за цел тој проект за да ги земеме тие пари“,  потенцираше Даскаловска.

Во рамките на комплексот на Здружението на пензионери во Струмица, пред 40 години има подигнато зграда каде се сместени пенизонери со ниски пензии кои никогаш го немале решено стамбеното прашање. Сместени се околу 10 семејства пенизонери. Тетка Перса Матиќ не пречека во нејзиниот стан . И таа вели дека многу нејзини пријатели ја прашувале дали има слободни станови во зградата.

,,Многу народ прашува. Доаѓаат но додека некој не умре, нема да се ослободи место. Кога ќе умре некој тогаш, друг ќе се всели. Не е скапа киријата илјада денари месечно плус 150 денари за чистота и одржување како во секоја друга зграда“, вели баба Перса Матиќ

Тетка Перса која има 82 години веќе две децении живее во пензионерски стан. Плаќа по илјада денари месечна кирија. Вели ги имал сите услови за нормален живот.

,,Дваесет години сум тука и убаво ни е. Двајца сме. Комотно се живее. За сам човек голем е просторот. Си велам оти и ние ќе останеме сами, или јас или дедото. Голем е просторот. Треба да се изградат уште станови за повеќе пензионери, помали да се. Имаме многу народ тука кој сака да седи и живее во пензионерскиот дом. Си имаме кујна, бања, ходник, дневна соба, тераса за разонода“, подвлече баба Перса.

Дека треба да се зголеми бројот на пензионерски станови бараат и струмичките пензионери во дневниот клуб каде преку друштеви игри го минуваат времето. Велат дека  имало многу луѓе кои и во  староста се под ќирија, а имаат ниски пензии.

,, Не верувам дека само во Струмица се потребни станови за пензионери. Нормално дека се потребни секаде. Сигурно има пензионери штоп се загрозени и сигурно треба да им се помогне да го решат стамбеното прашање. Тие сами не се моќни со ниските пензии,, вели еден пезнионер

,,Како не. Јас имам куќа но познавам голем број пензионери кои сеуште живеат под кирија,, вели друг пензионер од Струмица

,, Има потреба како не“,  кусо одговори трет пензионер

Од Одделението за имотно правни работи при Министерството за финансии не одговорија дали и кога Здружението на пензиониери во Струмица ќе добијат позитивен одговор за трансфорамција на земјиштето на кое се водат како корисници. Без сопственост врз земјиштето струмичките пензионери не можат да добијат дозвола за градба, иако како што вели Даскаловска имале и пари и урбанистичко решение, но државата не им дозволува да си го откупат дворното место.

Подготовката на овој материјал беше овозможена со поддршка од Британската амбасада во Македонија, во рамките на проектот Зголемена локална транспарентност и отчетност преку квалитетни медиумски содржини. Мислењата и ставовите во овој материјал не секогаш ги одразуваат  мислењата и ставовите на Британската амбасада во Македонија. 

britanska ambasada

 

 

 

Би те интересирало и

Политичката криза се заканува охриѓани да ги остави без егзистенција

Политичката криза може многу семејства во Охрид да остави без леб.Ако нема разрешница, предупредуваат туристичките ...

Шкариќ: Референдумот во Гевгелија е обврзувачки за државата

Ќе се јави конфликт меѓу граѓаните и власта доколку институциите не ја почитуваат граѓанската воља ...