Седум месеци по изборите Холандија ќе добие нова влада

Четири десничарски и либерал-демократски партии постигнаа договор за формирање на новата Влада на Холандија, која би требало и понатаму да биде предводена од премиерот Марк Руте.

Руте најави дека утре ќе ја претстави програмата на владата, во која влегуваат неговата либерал-демократска ВВД партија, центристичката партија Д66 и демо-христијанските партии ДЦА и ЦУ.

Изборите се одржаа на 15 март и на нив партијата на Руте победи со 21 процент од гласовите, но имаше проблеми при формирањето на Владата откако одби коалиција со националистичката партија ПВВ на Герт Вилдерс, која беше втора на изборите со 13 проценти од гласовите. Поради тоа, се очекува идната коалиција да има мнозинство од само еден пратеник во Парламентот.

Досегашниот најзначаен коалициски партнер на Руте, социјал-демократската ПвдА партија, нема да биде во идната коалиција откако не успеа да освои ни шест проценти на изборите.

Би те интересирало и

Американец и Мексиканка се венчаа на границата (Видео)

Американец и Мексиканка се венчаа на границата помеѓу двете земји, што симболично претставува спротивставување на ...

Турција ги забрани сите ЛГБТ настани во главниот град

Турција ги забрани сите јавни настани кои ги организираат ЛГБТ групите во Анкара, јавува Асошиејтед ...