Седум тима пред пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите

Пари Сен Жермен, Барселона и Манчестер јунајтед излегуваат вечерва во обид да си обезбедат предвремено пласман за директните елиминации на Лигата на шампионите. Ако победат во своите натпревари, тие можат да си обезбедат спокојство цели два круга пред крајот на групната фаза.

Уште четири екипи можат да си го заверат учеството во 1/8-финалето денес – Баерн, Базел, Јувентус и Челзи. Првите три екипи треба да ги добијат своите мечеви, за да стават крај на неизвесноста за првите две места во групите уште вечерва. Пласманот на англискиот шампион понатаму зависи од тоа дали ќе продолжи неубедливото претставување на финалистот од 2014 и 2016 година – Атлетико Мадрид.

ПСЖ е најимпресивниот тим од почетокот на европската сезона. Во првите три натпревари – против Селтик, Баерн и Андерлехт, ПСЖ постигнаа 12 гола и не дозволија ниту еден. Нејмар и компанија ќе се обидат да ја продолжат серијата откако го пречекуваат белгискиот шампион.

Во вториот натпревар од групата, Селтик го пречекува Баерн. Двете екипи имаат три, односно шест поени. Ако Шкотланѓаните не победат, уште вечерва ПСЖ ќе се рангира за директните елиминации при успех против Андерлехт.

Дури сепак Селтик да победи, три бода денес практично ќе бидат доволни за ПСЖ кои ги разбија „детелините“ со 5:0 на стартот, а потоа се справија со леснотија и со Баерн (3:0). Победа за „баварците“ ќе значи дека тие сигурно продолжуваат напред заедно со ПСЖ.

Слична е ситуацијата во група А и група Д, каде Манчестер јунајтед и Барселона ги освоија максималните девет бода од три натпревари и имаат предност од три пред Базел и Јувентус.

„Црвените ѓаволи“ ја пречекуваат Бенфика, која се уште го бара својот прв бод на турнирот. Во исто време Базел е домаќин на ЦСКА Москва. Швајцарците победија со 2:0 во Русија пред две недели и нов успех против московјани ќе ги рангира за осминафиналето.

Барселона оди на посета кај Олимпијакос во потрага по четврта победа во четири натпревари. Грчкиот првак запиша три порази во првите три дуели, загуби со 1:3 во Шпанија пред две недели и во пракса веќе е аут од сметките.

Другиот судир во оваа група е против Спортинг и Јувентус во Лисабон. Победата на гостите ќе ги испрати во следната фаза заедно со Барселона. Домаќините имаат потреба од задолжителни три поени, за да останат во битката за второто место, откако пред две недели загубија со 1:2 во Торино.

Најмалку веројатно е вечерва да има патник во елиминациите од група Ц. Челзи сепак може да го направи тоа, ако победи на гостувањето кај Рома, а Атлетико Мадрид повторно се сопне во дебитантот Карабах.

Англискиот шампион е на чело со седум поени, следен од „римските волци“ со пет. Атлетико, кој играше финале во две од претходните четири изданија на турнирот, има само два бода. Карабах е со бод, откако во претходниот круг извлече сензационално реми против „јорганџиите“ во Азербејџан.

 

Преземено од: Макфакс

Би те интересирало и

УЕФА ги објави номинациите за тимот на годината

Европската фудбалска унија (УЕФА) на својата официјална интернет-страница го објави списокот на фудбалери што се ...

Тевекио повеќе не е прв човек на италијанскиот фудбал

Карло Тевекио замина од функцијата претседател на Фудбалскиот сојуз на Италија. Тевекио ја напушти функцијата ...