Секоја вечер терор на Партизанска во Скопје – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Секоја вечер терор на Партизанска во Скопје

„Снимката е направена на полноќ, на 11.07.2017 година во 00.19 часот од на мојот балкон кој гледа накај Партизанска. Ова се „обични“ 10 минути на „обична“ вечер.

Вака е секоја вечер. Нова сум во ова маало. Сочувствувам со староседелките и староседелците. Ова е неиздржливо. Ова надминува и кршење на јавниот ред и мир и е исклучително опасно по живот заради брзините со кои се вози. Стојам на тротоар, чекам зелено и преминувам улица со страв.

Опасноста е уште поголема за лица со намалена мобилност или со сензорна попреченост. Никој не е помалку човек од тие што помешале тркачка патека и главна улица во главен град на која има и пешачки премини. Ничиј живот и мир не се помалку вредни од нивната желба за големи брзини, вели една загрижена скопјанка.“

Би те интересирало и

Автобус прегази велосипедист вечерва

Сообраќајна несреќа се случила денес во 16.20 часот  на магистралниот пат Штип-Кочани во близина на ...

Се сруши фасада од зграда во центарот на Куманово, едно лице повредено

Едно лице е повредено откако фасада од зградата лоцирана на кумановскиот плоштад се сруши денеска ...