Селекторот на Чиле поднесе оставка – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Селекторот на Чиле поднесе оставка

Селекторот на чилеанската фудбалска репрезентација, Хуан Антонио Пици поднесе оставка по неуспехот во Мундијалските квалификации – објавија локалните медиуми.

Чилеанците ноќеска изгубија од Бразил со 3:0 и останаа на шестото место во Јужноамериканската зона.

Четириесет и деветгодишниот, Аргентинец кој минатото лето го предводеше Чиле до трофејот во Копа Америка, изјави дека ја презема целосната одговорност за неуспехот во овие квалификации.

„Сите сме многу разочарани. Никогаш досега во мојата кариера не сум бил толку тажен“, рече Пици по дуелот со Бразил.

Би те интересирало и

Ренова и Силекс ремизираа без голови во Тетово

Ренова и Силекс одиграа без голови во првиот натпревар од 20. коло во Првата македонска ...

Ѓорѓиоски: Лани остваривме многу, плодовите допрва ќе ги собираме

Фудбалската федерација на Македонија во Скопје го одржа Редовното годишно собрание на кое беа присутни ...