Селена Гомез напиша отворено писмо за поддршка на ЛГБТ заедницата

Пејачката, Селена Гомез одговори на иницијативата за одбележување на Геј Прајд месецот, инициран од страна на списанието Билборд и напиша писмо до членовите на ЛГБТК заедницата,  во кое сподели увид во своето детство во кое била опкружена со „љубезни, забавни и драги пријатели“ на својата мајка, кои биле хомосексуалци.

-Јас се сеќавам кога бев дете и кога во неделите одев на ручек со мајка ми и група нејзини пријатели. Не знаев дека тие се геј, зашто во тоа време не сфаќав што значи тоа. Се што знаев е дека се љубезни, забавни и драги луѓе во чие друштво сакав да бидам. Дефинитивно морам да и заблагодарам на мојата мајка што ме воспитуваше во духот на отворен ум и опкружување кое не осудува – пишува Селена во писмото.

Исто така, таа раскажува дека нејзината мајка за 16-ти роденден организирала многу убаво изненадување.

– Бев изненадена со настап на најубавата Драг кралица, која ја пееше мојата омилена песна- споделува пејачката.

Младата пејачка гледа напредок кој ЛГБТК заедницата го остварила до сега, но признава и дека пред нив има уште многу работа.

– Се радувам на денот кога тие лица нема да бидат осудувани и дискриминирани и кога луѓето нема да се плашат од својата сексуалност – пишува таа.

Додади коментар

Би те интересирало и

Доделени наградите за најуспешните Афроамериканци

Вчеравечер, во Лос Анџелес се одржа традиционалното доделување на БЕТ наградите, манифестација каде се наградуваат ...

Спречете го прегревањето на автомобилот на сонце

Ни малку не е пријатно чувството кога ќе седнете во својот автомобил откако тој се ...

Close