Селин Дион избра модна катастрофа – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Селин Дион избра модна катастрофа

Музичката дива Селин Дион деновиве ужива во европската модна престолнина, Париз. Па, од француска адреса споделува и фотки со фановите. Но, во случајов, според модната критика, нејзините стајлинзи се на раб на модна катстрофа, односно се токму тоа. Впечатокот е дека славната пејачка навистина сериозно го сфатила престојот во француската метропола. Посебно кога станува збор за олеснување на џебот за стотици илјади  долари за облека.

 

На заминување од еден париски хотел, во фокусот беше токму таа и тоа во предимензиониран стајлинг, потпишан од брендот Живанши,  а според проценките вреден повеќе од 90.000 евра. Илјадици евра плус чинат само деталите. Кога станува збор за очилата за сонце, Дион избрала да верува во  „Гучи“, а додека за чевлите, избрала чифт потпишан од Канје Вест за Џузепе Заноти.

Чантата доаѓа од категорија „Биркин“ на луксузната куќа „Хермес“ и е една од најскапите верзии. Но, ако е прескапо не значи дека е секогаш добро, посебно кога станува збор за специфично комбинирање на повеќе парчиња. Токму затоа, Селин Дион заработи долга листа на критики за ваквиот изглед.

Би те интересирало и

Секси Дедо Мраз по кој лудуваат девојките

Канаѓанецот Пол Мaсон стана вистинска интернет сензација пред две години, кога првпат беше дел од ...

Избрана најубавата Германка постара од 50 години

Германската писателка Мануела Тома Адофо (50) го освои првото место на изборот на убавица Мис ...