Семејства од тетовски Челопек за жалат што се уште не се приклучени на фекалната и водоводна мрежа иако платиле за оваа услуга

Две семејства од Челопек велат дека 95 % од селото е приклучена на фекална канализација и водоводна мрежа, само неколку домови вклучувајќи ги и нивните не се дел од овие инфраструктурни проекти.

Изјавија дека главните цефки од овие системи поминуваа над нивните  домови.  Потребно е само да ископа канал и да се поврземе со овие системи. Се нафативме ваквите градежни  кативности да ги завршиме сами, но општината ни забрани рече Мирко Серафимовски од Челопек.

Градоначалникот на Општина Брвеница Енвер Пајазити, вели дека локалната власт има обврска да постави фекална канализација и водовод во примарната и секундарната мрежа од селото. Во терцијалната мрежа поточно по сокаците, жителите сами ги извршуваа ископите и сами поставуваат цевки. Не е точно вели тој, дека општината не им дозволува на семејствата од Челопек сами да копаат канал за да се приклучат на системот.

Приклучокот за водоводниот систем и фекалната канализација семејствата од Челопек ги чинело по 500 евра.

Додади коментар

Би те интересирало и

Предизборен форум на З.Г Медиа Плус – Штип во мултимедијалниот центар на Канал 77

Во организација на З.Г. Медиа Плус-Штип, во мултимедијалниот центар Канал 77, се одржа предизборен форум ...

Во Кочани одбележан Светскиот ден без автомобили

Општина Кочани се вклучи во одбележувањето на Европската недела на мобилност која се одбележува под ...

Close