СЕП на полноќ го објави Деталниот фактографски извештај за имплементација на Планот 3-6-9 – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

СЕП на полноќ го објави Деталниот фактографски извештај за имплементација на Планот 3-6-9

Секретаријатот за европски прашања (СЕП) на полноќ на својата веб страница го објави Деталниот фактографски извештај за имплементација на Планот 3-6-9.

– Денеска, 17 април заедно со објавувањето на Извештајот на Европската Комисија за состојбите и напредокот на земјава на евроинтегративниот пат истече периодот за имплементација на Планот 3-6-9. Деталниот фактографски извештај за имплементацијата на Планот 3-6-9, точно на полноќ беше објавен на веб страна на Секретаријатот за европски прашања www.sep.gov.mk и истиот можете директно да се преземе на следниот линк https://goo.gl/BqGvVt, информираат од СЕП.

Оттаму оценуваат дека во изминатите девет месеци, Македонија успеала да испорача исклучително продуктивна реформска агенда, а како доказ го посочуваат успешното спроведување и реализација на Планот 3-6-9, односно реализацијата на над 90 проценти од предвидените реформи и 100 проценти од неговата суштина.

– Делот девет т.е севкупно Планот 3-6-9 завршува денеска, односно со излегувањето на Извештајот на Европската Комисија. Согласно испорачаните резултати т.е. успешното спроведување и реализација на Планот 3-6-9, истиот треба да биде крунисанa со најдобриот извештај за Република Македонија досега и со чиста и безусловна препорака за преговори со Унијата, нагласуваат од СЕП.

Се посочува дека со Планот 3-6-9 не завршуваат реформите, туку реформската агенда ќе продолжи и во иднина во насока на имплементација на процесите кои произлегуваат од Шесте водечки иницијативи на Стратегијата 20-25 на Комисијата, како и од сугестиите, коментарите и забелешките што се очекуваат во денешниот Извештај на Европската Комисија.

Планот 3-6-9 беше усвоен во јули минатата година, по изгласувањето на новата Влада за да се одмрзне реформскиот процес и државата да се врати на евроатланскиот пат. Планот беше поделен на три делови, според рочноста во која се имплементираа реформите. Првиот дел беше финализиран со одржувањето на фер, слободни и кредибилни избори во ноември минатата година, а вториот дел со излегувањето на Стратегијата на Европската Комисија за проширување со земјите од Западниот Балкан 2025.

Извор: МИА

Би те интересирало и

Дигитален самит на земјите од Западен Балкан: Владите, заедно со новинарите, медиумите и граѓаните, треба да бидат на чело на фронтот против лажните вести

Агендата на еден од најголемите регионални настани за оваа година – „Дигиталниот самит за земјите ...

ВМРО-ДПМНЕ обвинува за неспособно раководење на АД ЕЛЕМ, оттаму тврдат дека целта не е профит по секоја цена

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека раководството на АД ЕЛЕМ е неспособно да менаџира со природните ...