Серена Вилијамс го продолжи одморот, нема да настапи ни во Рим – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Серена Вилијамс го продолжи одморот, нема да настапи ни во Рим

Американската тенисерка Серена Вилијамс соопшти дека нема да настапи на турнирот во Рим, кој ќе се игра од следната седмица.

Вилијамс, која беше на породилно отсуство од јануари 2017 година, се врати на терен оваа година и досега настапи во Мајами и во Индијан Велс.

Американката турнирот во Рим го има освоено четири пати.

Претходно Серена се повлече и од Мастерсот во Мадрид.

Извор: МИА

Би те интересирало и

Федерер ја започнува сезоната на трева во Штутгарт

Швајцарскиот тенисер, Рожер Федерер годинава ќе ја започне својата сезона на трева во Штутгарт. Тоа ...

Тенисерките на Македонија заминаа за Тунис на Фед Купот во Гамарт

Фед репрезентацијата на Македонија замина за Гамарт, Тунис, каде од утре ги започнува натпреварите од ...