Серена Вилијамс за првпат по 20 години е надвор од ВТА ранкингот – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Серена Вилијамс за првпат по 20 години е надвор од ВТА ранкингот

Серена Вилјамс е една од најдобрите тенисерки во историјата на тенискиот спорт, а нејзината приказна брои освоени 23 Гренд Слем, се прослави во Чикаго, во далечната 1997 година кога успеа да ја победи седмата тенисерка на светот Мери Пирс, а потоа и Моника Селеш, за на крај да загуби од неприкосновената Линдзи Девенпорт во полуфиналето.

Нејзиното прво појавување на ВТА листата се случи на 20 октомври 1997 година, а траеше се до вчера.

Таа поради бременоста не смееше да игра и мораше да направи пауза од играње тенис. Минатата година ја заврши на 22.место на ВТА листата.

Нејзиното враќање на терените е најавено за февруари на ФЕД купот против Холандија, а потоа во март продолжува со игрите на Индијан Велс.

Според тениските аналитичари, се очекува да се врати уште повеќе подготвена, во која како што вели таа е гладна за победи и повторно искачување на врвот.

Извор: ЗаЗабава

Би те интересирало и

Серена Вилијамс го продолжи одморот, нема да настапи ни во Рим

Американската тенисерка Серена Вилијамс соопшти дека нема да настапи на турнирот во Рим, кој ќе ...

Федерер ја започнува сезоната на трева во Штутгарт

Швајцарскиот тенисер, Рожер Федерер годинава ќе ја започне својата сезона на трева во Штутгарт. Тоа ...