Сестрата на Мараја Кери е уапсена за проституција

mariah-alison-carey

Постарата сестра на Мараја Кери била уапсена откако нудела сексуални услуги во замена за пари. Според локалните медиуми во градот Согертис, државата Њујорк, Алисон Кери, на 55 години, била фатена по операцијата на прикриен полицаец. Акцијата била организирана откако реклама на сексуалните услуги на Алисон била откриена онлајн.

Во текстот кон рекламната порака дури имало линкови кон хитот на Мараја од 1995 година “Fantasy”. Извор на американското списание “People” наведува дека двете сестри не се во добри односи со години.

“Мараја се грижи за целото семејство и сигурна сум дека тоа е многу болно за неа”, вели изворот.

По апсењето Алисон е одведена во затвор во Алстор Оринџ, а судењето за проституција ќе се одржи денеска, 30 август.

Би те интересирало и

Болт ќе го отвори ГП на Америка

Атлетската суперѕвезда Јусеин Болт ќе има чест да го отвори формирачкиот круг на американското ГП ...

Вештачката интелигенција стана дел од новинарството

Вештачката интелигенција веќе влезе во светот на новинарството, а натаму би можела да стане и ...