Сестринско финале во женскиот ракометен плеј-оф

Двата женски ракометни колективи на Вардар денес ќе го одиграат финалето од завршниот турнир за шампионската титула. Двете екипи во вчерашните полуфинални натпревари остварија победи.

ЖРК Вардар по финалето во Лигата на шампионите и дуелите од Купот на Македонија ќе го одигра последниот натпревар сезонава и тоа ќе биде можност да се освои петата шампионска титула. Шампионот Вардар во полуфиналето одиграно вчера го совлада Куманово со 54:19, додека Вардар СЦЈС беше поуспешен од Металург со 30:28.

Финалниот натпревар од плеј-офот ќе се игра попладнево од 15 часот во малата сала во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

Додади коментар

Би те интересирало и

Металург против Бешикташ по првата победа во Лигата на шампиони

Македонскиот вице-првак Металург попладнево ќе го одигра натпреварот од 2.коло во ракометната Лига на шампиони. ...

Лазаров: Прекрасно е што сум во Македонија, се носевме против европскиот шампион

Тимот на Вардар го совлада Нант со 27:23 во натпревар од второто коло во Лигата ...

Close