Се градат три гасоводи со вкупна должина од 200 километри и вредност од 80 милиони евра

Во тек е изградбата на три гасоводни линии Штип – Неготино, Кавадарци – Прилеп – Битола и  Скопје – Тетово – Гостивар во вкупна должина од околу 200 километри, инвестиција вредна повеќе од 80 милиони евра.

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски вчера изјави дека на среднорочен план се планира и продолжување на овие краци. Објавен е и тендер за секундарна гасификација, односно за концесионер кој ќе ја направи секундарната гасификација.

„Има интерес од повеќе фирми и очекувам годнава да биде избран еден концесионер кој во наредните две години ќе ја изгради секундарната гасоводна мрежа“, изјави Груевски.

Додади коментар

Би те интересирало и

ЗАХАРИВ под сомение за 33.000 евра

Нема информации каде отидоа 25.000 евра наменети за граѓанските организации и 8.000 евра за социјални ...

МПЦ-ОА: По полувековно опстојување, се ближи времето за признавање на македонската црковна реалност

Светиот архиерејски синод на МПЦ – ОА во пресрет на централната прослава по повод 50-годишнината ...

Close