Се договараат деталите за пресметката на векот меѓу МекГрегор и Мејведер

Претседателот на УФЦ, Дана Вајт информираше дека пола работа е завршена за борбата на векот. Постигнат е договор со едната половина за учество во една од најголемите борби во рингот во различни боречки категории  –  Конор  МекГрегор, шампион на УФЦ во лесна категорија и шампионот во бокс, Флојд Мејведер, пренесува порталот Дерби.

МекГрегор се согласил за учество во историскиот дуел, останува уште Мејведер, кој важи за господар на прстените како непоразен боксер со (49:0) и кој е најбогат спортист во светот каде на прво место му се парите, што значи дека Вајт ќе може да се договори со Флојд само прашање ќе биде сумата која ќе ја земе Флојд.

Вајт ја информираше јавноста дека Мек Грегор ги прифатил условите и дека веќе започнуваат преговорите со Мејведер. Вајт инфомираше и за местото каде ќе се одржи борбата .

– Конор и јас постигнавме договор. На ред е Флојд и на крај се адвокатите, кои ќе ја замрсат работата, ама мора и тој дел да го поминеме. Можам да потврдам дека борбата ќе се одржи во Лас Вегас или Лос Анџелес,– изјави Вајт.

 

Извор: www.derbi.mk

Додади коментар

Би те интересирало и

Германија утре гласа, Меркел очекува четврта победа

Германија утре гласа, а актуелната канцеларка Ангела Меркел очекува четврта победа и задржување на водечката ...

Пекол на бразилските улици: Мобилизирана војската, Рио во хаос, судири на сите страни

Владата на Бразил ги затворила патиштата и училиштата, и побарала да се вмеша и војската. ...

Close