Се докажа дека во Македонија има фантомски гласачи

Oliver Spasovski(3)

Фантомски гласачи има во Република Македонија, запишани гласачи во Избирачкиот список коишто се злоупотребуваа за време на изборниот процес, изјави во сабота генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски.

„После рокот за пријавување, се докажа дека околу 30 илјади избирачи коишто се наоѓаа на Избирачкиот список во Р. Македонија, не постојат. Не можеа да се пријават, и со тоа се потврди тезата дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ на изборите коишто се одржуваа досега во Р. Македонија, сериозно го злоупотребувале избирачкото право на граѓаните на Р. Македонија“, рече Спасовски.

Според него, имајќи во предвид дека и дополнителни 172 илјади избирачи се запишани на посебен извод на Избирачки список затоа што се наоѓаат надвор од земјава, се констатира дека во Македонија има околу 1 милион и 500-тини илјади избирачи.

„Тоа се, реално, избирачи коишто се во Р. Македонија и коишто можат да го искористат сопственото избирачко право тука. Ова покажува дека нема да имаме идеален Избирачки список, меѓутоа, ќе имаме далеку подобар Избирачки список од оној којшто го имавме досега“, нагласи Спасовски.

Би те интересирало и

Oрганизирани повеќе хуманитарни настани за лекување на гостиварецот Стрезовски

Професорот по физичка култура, Заке Крајчевски организираше три претстави на Магионачарско шоу во Центарот за ...

Во полошко голем интерес за вакцинација против сезонски грип

Постарата генерација и оваа година традиционално во голем број ги примија првите вакцини на сезонската ...