Се’ за храна: Елка со нутела (празнично лепче) – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Се’ за храна: Елка со нутела (празнично лепче)


Состојки:
½ квасец (или едно лажиче сув квасец)
1 шолји млака вода
2 и ½ шолји брашно
1 мало лажиче сол
1 лажица шеќер
½ шолја нутела
пченкарно брашно за наросување
1 матено јајце кон кое се додава и една лажица вода

Подготовка:

1. Во мал сад растворете го квасецот со ¼ шолја млака вода и оставете го околу 10 минути  да стои за да нарасне.

2.  Во меѓувреме измешајте ги брашното, солта, шеќерот, а потоа додадете го нараснатиот квасец  и преостанатата млака вода. Сето тоа можете да го сместите и измесете во сад за миксирање со автоматски миксер или можете смесата добро да ја соедините со помош на рацете (месете
минимално 7-10 минути), да се постигне еднородност.

3. Така припременото тесто ставете во малку намрсен сад и покријте го со пластична фолија  (тоа е за да не се засуши површината и да се спречи формирање на кора).  Така покриеното тесто ставете го на топло место (собна температура да кисне, а ќе знаете дека е готово кога ќе
постигне двојна големина,  што временски би значело да стои околу 1 час.

4. Готовото тесто се дели на два дела.

5. На лесно набрашнета површина се става едниот дел од нарастатото тесто и со помош на сукало се прави форма на правоаголник.

6. Потоа кората се премачкува со нутела, при што внимавате да останат неизмачкани 1-1,5 см од  краевите на кората. За полесно размачкување, нутелата можете кратко да ја
загреете бидејќи тоа ќе ја омекне (пр: 30 секунди во микробранова).

7.  Над неа се поставува и втората кора која се изработува по истиот принцип како и првата кора.

8. Од поклопените правоаголни кори (како што е прикажано на фотографија 1), се исекува форма на елка и гранки (погледнете фотофрафија 2).

9. Потоа следи спирално завртување на „гранките на елката“ се’ додека не се завртат сите. (можете да видит е да видите на фотографија 3, 4, 5 и 6).

10. На крај, елката е готова (фотографија 7).

11. Тавата за печење  намрсете ја со малку масло, а потоа посипете ја со малку пченкарно брашно.

12. Изматете го јајцето и  намачкајте ја горната површина на елката.

13. Печете на 180 степени, околу 20 минути, а потоа зголемете ја температурата на 220 степени  и печете околу 5-7 минути, додека не добие светло кафеава боја. Оставете да се олади и слободно послужете се.

 

Извор: Се’ за храна

 

Би те интересирало и

Готвачите препорачуваат: Никогаш не чувајте го чоколадото во фрижидер

  Чоколадните производи никогаш не би требало да се чуваат во фрижидер – смета кулинарскиот критичар ...

Странците ги издвоија десетте најубави македонски јадења

Македонското тавче-гравче, ајварот и мусаката, како и неколку други традиционални македонски јадења, се промовирани на ...