Се’ за храна: Зелено смуди од киви и кокосово млеко за енергија преку целиот ден

Кога го започнувате денот со оваа енергетска бомба во чаша, не ви преостанува ништо друго освен да испланирате какви убави активности и задачи може да завршите во денот! Испробано ни е, ова зелено смуди од киви и кокосово млеко овозможува ситост, свежина и расположение во денот!

Може да го користат и љубителите на веганскиот начин на исхрана. А, ако се прашувате каде да го најдете кокосовото млеко или дали ќе биде скапо, веднаш да ви кажеме дека може да го направите и дома. Имаме одличен испробан рецепт. Потребни ви се само неколку состојки, а целиот рецепт, заедно со видео приказ може да го погледнете ако кликнете тука.

За две порции потребно ви е:

Состојки:

  • 2 киви
  • 2 позрели банани
  • 1/2 авокадо
  • 1 лажица мед или јаворов сируп по желба
  • 250 мл кокосово млеко
  • 1 лажичка екстракт од ванила.

Подготовка:

  1. Најпрво излупете ги бананите и кивите. Исечкајте ги малку и ставете ги во блендерот.
  2. Потоа додајте го и авокадото, а на крај и кокосовото млеко, екстрактот од ванила и медот или јаворовиот сируп доколку сакате да е послатко.
  3. Блендирајте 30 секунди до 1 минута, сервирајте и препуштете се на уживањето. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Како да направите совршено смуди?

Превземено од: sezahrana.mk

Додади коментар

Би те интересирало и

Нема повеќе вадење крв со игла

Американските научници смислија начин како да вадат крв без да користат игли или пак на ...

Осаменоста е подеднакво штетна по здравјето како и дебелината

  Осаменоста го зголемува ризикот од смрт исто колку и дебелината -покажува едно неодамнешно истражување. Научниците ...

Close