Се’ за храна: Како да вратите кристализиран мед во течна состојба?

Кога станува збор за природен мед, нормално е по одредено време да настане кристализација. Но, затоа сме тука да споделиме неколку совети како да го одложите тој процес и како вашиот кристализиран мед да го вратите во течна состојба.

Иако кристализацијата на медот е добар показател дека станува збор за квалитетен и природен мед без вештачки додатоци, сепак е потежок за консумирање.

Медот можете да го вратите во течна состојба така што добро затворената тегла ќе ја ставите во тенџере со топла вода и ќе ја загреете водата до 38 степени. Оставете така да стои додека медот се стопи. Кога ќе ја достигне посакуваната густина, оставете да се излади и чувајте го на температура од 10-20 степени.

Друг доста важен совет е да не го чувате медот во фрижидер. Медот е нерасиплива храна, па не мора да се грижите за тоа.

Не чувајте го медот во близина на шпоретот, рерната ниту било каков друг извор на топлина. Теглата секогаш чувајте ја добро затворена, а температурата одржувајте ја или избирајте да го чувате каде што е 10-21 степен.

Ви препорачуваме да прочитате: 7 трикови како да препознаете квалитетен и вистински природен мед.

Превземано од sezahrana.mk

Додади коментар

Би те интересирало и

Тиквички – вкусни, здрави и корисни

Тиквичките се вкусни, а содржат и многу корисни и здрави состојки. Вистинска ризница се на ...

Адитивите во храната ја зголемуваат телесната тежина

Бројни истражувања покажуваат дека конзервансите што се наоѓаат во храната имаат штетни дејства врз човековиот ...

Close