Се’ за храна: Која исхрана е погодна во летните денови, а што треба да избегнувате?

Кога е во прашање здравата исхрана, летото е дефинитивно најдоброто годишно време кога може да најмногу да уживаме во здравите и свежи намирници, пред се во сезонското и разнобојното овошје и зеленчук. Барем во лето треба да се избегнува пржената и мрсна храна, а квалитетната риба да се консумира што повеќе, најмалку еднаш до два пати во текот на неделата. Практикувањето на оваа исхрана добро влијае на нашето здравје и помага во превенција на болести. Во текстот кој следува ви откриваме која исхрана е погодна во летните денови, а што треба да избегнувате. 

Јадете почесто црвено, портокалово или жолто овошје и зеленчук

Шаренилото на овошје и зеленчук во чиниите нуди многу хранливи материи кои го штитат организмот од дејството на слободните радикали, го намалуваат воспалението и помагаат за намалување на штетниот холестерол. Исхраната во летниот период треба да изобилува со вредни хранливи состојки кои ќе го штитат организмот од штетното зрачење, па така помагаат во превенција на рак на кожата, предвремено стареење и појава на брчки.

Портокаловото, жолтото и црвеното овошје и зеленчук содржат билни пигменти кој ја поттикнуваат пигментацијата, а воедно поседуваат и антиоксидантни својства. Затоа, во текот во летото уживајте во вишните, црешите, праските, дињата, лубеницата, морковите… Знаеме дека треба да се избегнува пржената, чадената и зачинетата храна, преку целата година, но особено во лето, применувајте ги овие совети.

Може да ве интерсира: 11 причини зошто да ја полните чинијата со жолто и портокалево овошје и зеленчук.

Медитеранската исхрана е идеална за летниот период

Храната која е богата со заситени масти ја зголемува опасноста од создавање на наслаги во вените и артериите, а со тоа се зголемува ризикот од кардиоваскуларни болести. Додека консумирањето на поголема количина на зачинета храна предизвикува дехидратација. Како што споменавме, изберете риба, пилешко, мисиркино или месо од пајка. А исто така, овој период е добро да ја практикуватемедитеранската исхрана. Истражувањата ги имаат потврдено здравствените придобивки на оваа исхрана, а свежите зачини кои се користат допринесуваат во превенција на болести. Покрај нив, позитивно дејство врз организмот имаат маслиновото масло, рибата, житарките во цело зрно…

Умерено консумирајте вино

Умерената консумација на црвено вино ги штитат крвните садови и мозокот од штетните радикали, но не треба да се претерува. Прочитајте зошто нутриционистите препорачуваат црвено вино за здраво срце и крвни садови. Во лето, за да ја изгаснеме жедта, најчесто посегнуваме по ладни напитоци. Но, подобро е да се разладиме ако пиеме течности на собна температура или пиеме топли чаеви и напитоци.

Што е со млечните производи?

За да не се отпретува дигестивниот систем, пожелно е да се консумираат свежи намирници во чести, помали оброци, а да се избегнуваат премногу слатките јадења и пијалаци.

Организмот во лето природно бара храна која е лесна за варење, богата со вода и минерали кои се губат преку потењето, со повеќе растителни влака, а помала количина на масти и протеини. Свежите овошни сокови и ферментираните млечни производи со ниска содржина на масти се корисен извор на ензими, корисни бактерии, витамини и минерали.

Ви предлагаме да прочитате: Медитеранска исхрана за долг живот: 8 намирници кои ја прават една од најдобрите.

Би те интересирало и

Се’ за храна: 10 причини зошто да консумирате костени почесто

Има многу причини за да ги вклучите костените во исхраната! Мирисот на печени костени кој ...

3 масла за брз раст и помалку опаѓање на косата

Кокосовото масло е најдоброто природно масло против опаѓање на косата, бидејќи продира длабоко во влакното ...