Се’ за храна: Куркума – жолто чудо од природата кое лечи многу болести – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Се’ за храна: Куркума – жолто чудо од природата кое лечи многу болести

Овој зачин е познат низ целиот свет благодарение на многубројните лековити својства кои ги поседува. Па така, со право зачинот куркума се нарекува жолто чудо од природата. Претставува еден од најмоќните природни лекови, а нејзината лековитост се должи токму на активната состојка куркумин.

Taa е растение кое исто како и ѓумбирот припаѓа на фамилијата Zingiberaceae и најчесто расте во јужна Азија. Од нејзиниот корен се прави зачин со карактеристична жолта боја која се должи на високата концентрација на состојката куркумин. Куркумата е една од главните состојки на зачинот кари, кој од неа и ја добил својата убава и интензивна жолта боја. Покрај тоа што се употребува како зачин, се користи и како средство за боење и како природен пестицид кој се употребува во органското производство, а се додава дури и во козметички препарати. Па така, доколку на етикетата од некој производ забележите ознака со број Е100, нема потреба истиот да го избегнувате, со овој број се означува всушност куркумата, која се почесто се додава во многу намирници како природна боја.

Уште многу одамна е познато дека куркумата поседува анти-воспалителни својства, но денес се знае дека таа има благопријатно дејство за многу болести, па дури и за најтешките како што се канцерот и Алцхајмеровата болест. Во продолжение дознајте за мал дел од лековитите својства на ова чудотворно растение.

Заштитува од многу видови на канцерогени заболувања

Една од најголемите придобивки од куркумата е токму нејзиното антиканцерогено дејство. Се верува дека ова нејзино својство се должи на тоа што таа има антивоспалително, антиоксидативно и имуностимулирачко својство. Таа е најефикасна во борбата против рак на јајници, но исто така им помага и на жените кои се во менопауза и користат хормонска терапија за намалување на ризикот од рак на дојка. Некои истражувања покажаа дека куркумата помага во превенција против канцер на дебело црево и простата, а спречува и леукемија кај децата.

Помага за ублажување на симптомите предизвикани од реума и артритис

Благодарение на своите антивоспалителни својства, куркумата често се користи во многу природни производи за лечење на артритис.  Куркуминот – главната активна состојка на куркумата, ја ублажува утринската вкочанетост и отеченост на зглобовите. Друга предност на овој зачин е тоа што за разлика од конвенционалната терапија против артритис, куркумата не предизвикува несакани ефекти. Таа, исто така делува и како природно средство против болки и воспаленија.

Помага против покачен холестерол и шеќер во крвта и е природен антибиотик

Во едно истражување се покажало дека куркумата има позитивно дејство во намалувањето на лошиот холестерол и шеќерот во крвта. Таа се смета и за еден од најсилилните природни антибиотици, но за разлика од останатите антибиотици кои ги уништуваат и добрите бактерии и цревната флора, таа го помага развојот на добрите бактерии.

Лекува рани, изгореници и габични воспаленија на кожата

Покрај за внатрешна употреба, куркумата  е одличен лек и за надворешни кожни проблеми како што се дерматитисот, егземата и псоријазата. Благодарение на своето антисептичко дејство може да се употребува и за обложување на рани, изгореници и инфицирани делови од кожата. Важно е да се напомене и нејзиното силно антигабично дејство, особено против кандида. За да го спречите ширењето на досадните габични инфекции, може да ја користите куркумата орално (во облик на капсули) или во облик на паста направена од лажичка куркума со малку вода.

Ви препорачуваме да прочитате: Куркума – природен зачин и лек кој штити од рак.

Превземено од: sezahrana.mk

Би те интересирало и

Газираната вода е корисна за организмот

Конзумирањето газирана вода може да биде корисно за организмот на повеќе начини, бидејќи помага при ...

Го зајакнува имунитетот, ги топи килограмите – Туширањето со ладна вода нуди низа придобивки

Туширањето со ладна вода претставува еден вид хидротерапија, која овозможува бројни здравствени придобивки. Ладната вода ...