Се’ за храна: Лесен рецепт за шпагети со ракчиња

Гурмански рецепт кој мора да се проба! Вкусно и малку различно подготвени шпагети со ракчиња, и прекрасни како идеја за брза вечера и уживање со домашните.

Може да ве интересира: Морска пица со тиквички.

Состојки:

  • 400 гр шпагети
  • 450 гр ракчиња
  • 150 мл бело вино
  • 350 мл вода
  • 3-4 чешниња лук
  • сол по вкус
  • црн пипер по вкус
  • малку магдонос по потреба
  • маслиново масло по потреба.

Подготовка:

  1. Прво сварете ги шпагетите, како што е препорачано на пакувањето. Доколку сакате, погледнете како може да подготвите совршени шпагети.
  2. Лукчето исчистете го, измијте го и ситно исечкајте го.
  3. Во тава ставете малку маслиново масло да се загрее, па во него запржете го претходно припреното лукче. Доволно е да го пропржите само кратко, колку за да го ослободи мирисот, а да не потемни.
  4. Во тавата додајте ги и ракчињата, виното, водата, сол и црн пипер по вкус, па оставете ги да се динстаат додека да испари течноста.
  5. Додадете ги претходно сварените и исцедени шпагети и ситно сечканиот магдонос, па измешајте ги сите состојки.
  6. Декорирајте и сервирајте по желба со магдонос, а може да додадете и ситно исечкан, па малку запржен домат. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Запечени тестенини со туна и доматен сос.

Превземено од: sezahrana.mk

Би те интересирало и

Болт ќе го отвори ГП на Америка

Атлетската суперѕвезда Јусеин Болт ќе има чест да го отвори формирачкиот круг на американското ГП ...

Вештачката интелигенција стана дел од новинарството

Вештачката интелигенција веќе влезе во светот на новинарството, а натаму би можела да стане и ...