Се’ за храна: Направете дома кандиран ѓумбир

kandiran-gumbir-2

Ако ви е досадно дома и зимата ве ограничува да се движите и да ги правите секојдневните активности, ви предлагаме да припремите интересна закуска. Времето дома може да биде исполнето со убави нешта, а една таква активност може да биде подготовка на домашно кандиран ѓумбир.

Ѓумбирот е одлична антивоспалителна храна, супер за добар имунитет и за справување со настинките. Може да го подготвувате во вид на чај, да го рендате во салати или да направите слатка закуска со здрави својства. Ви требаат само две состојки и работата ќе биде завршена. Ајде да дознаеме како се прави!

Состојки:

  • 500 гр свеж ѓумбир
  • шеќер (во подготовката е објаснета количината)
  • 3 лажици вода.

Подготовка:

  1. Ѓумбирот измијте го и излупете го, па исечкајте го на парчиња со приближно иста големина. Ставете ги парченцата во тенџере и додајте вода во количина која е доволна да ги прекрие.
  2. Варете на тивок оган околу 30 минути, односно додека не омекне ѓумбирот.
  3. Исцедете го, измерете го и ставете го во сад, па додајте ја истата количина на шеќер и 3 лажици вода.
  4. Повторно варете на тивок оган додека ѓумбирот стане проѕирен и течноста испари. Потоа, на уште пониска температура, варете со постојано мешање додека ѓумбирот стане скоро сув.
  5. На крај, извалајте ги парчињата ѓумбир во шеќер, така што да бидат целосно покриени.
  6. Парчињата распоредете ги во соодветен сад и оставете ги на собна температура за да се изладат.
  7. Кога сосем се изладиле, ставете го кандираниот ѓумбир во тегла и добро затворете ја, а по желба може да го завиткате во целофан.

Превземено од: sezahrana.mk

Би те интересирало и

Вештачката интелигенција стана дел од новинарството

Вештачката интелигенција веќе влезе во светот на новинарството, а натаму би можела да стане и ...

Почетокот на настава пред 08.30 часот предизвикува депресија кај учениците

Почетокот на настава пред 08:30 часот наутро го зголемува ризикот од депресија и анксиозност кај ...