Се’ за храна: Ореовка со мед – ликер од млади оревчиња

Превкусно и традиционално подготвувано во нашите домови! Популарниот ликер од зелени ореви го правиме со многу љубов, а му се гостиме цела година. За да биде во поздрава варијанта, полна со јод, а без шеќер, секогаш правиме ореовка со мед!

Оревите лечат од повеќе заболувања, а особено се корисни за штитната жлезда, грлото, дишните патишта, за бронхитис и за зајакнување на имунитетот. Народната медицина ја препорачува ореовката за лечење на анемија, како и за „прва помош“ за стомачни пролеми и забрзување на метаболизмот. Ореовката е богата со јод и е одлична за здравјето на штитната жлезда. Пијте по едно мала чаша за ракија, наутро додека сте гладни, а потоа почекајте барем 30 минути до првиот оброк.

Втората половина на Мај е одредена за берење на малите зелени оревчиња, чија големина во тој период е слична на лешник или маслинка. Ако малку почекате или поради некои други причини не успеете да ги соберете оревчињата додека се толку мали, не грижете се и во почетокот на јуни ќе успеете да направите ореовка.

За една доза со литар лозова ракија потребно е:

Состојки:

  • 40 зелени (млади) оревчиња
  • 300 мл мед (1/3 од тегла)
  • 1 литар лозова ракија.

Дополнително:

  • најлонски нараквици
  • големо пластично шише или уште подобро голема стаклена тегла за складирање.

*Доколку оревчињата се поголеми, можете да направите извесна отстапка во бројот, па наместо 40 да ставите неколку помалку. На пример, ако ставите 90-95 поголеми оревчиња и употребите една тегла мед, можете да додадете уште 3,5 до 4 литри лозова ракија. И во двата случаи ќе добиете добар резултат.

Подготовка:

  1. Најпрво ставете ги нараквици. Ако не ги заштитите рацете, ќе ви се обојат во кафеаво зеленкаста нијанса.
  2. Оревите измијте ги со вода, а потоа пресечете ги на половинки и сместете ги во шишето или теглата, зависно што имате на располагање.
  3. Додајте го медот во садот со исечените ореви.
  4. На крај, додајте ја ракијата и измешајте со пластична лажица или пак затворете го шишето и протресете го, за медот убаво да се стопи и распредели.
  5. Вака припремената ореовка со мед треба да стои на сонце најмалку 40 дена, а содржината треба да ја промешувате секојдневно. И да ја оставите да стои подолго, може да биде само поубава и поквалитетна. Пред послужување благо промешајте го шишето во кое сте ја складирале, на тој начин лековитиот талог ќе се подигне. Мерак кој вреди, за уживање и за здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Ароматична ореовка по српски рецепт – ликер од зелени ореви.

Превземено од: sezahrana.mk

Додади коментар

Би те интересирало и

Сами направете освежувачки напиток од кој се слабее

Напитокот не мора да е есктремно ладен за да ве освежи, ниту пак посебно комплициран ...

Стресот на работа го намалува животниот век на човекот

Стресот кој го доживувате на работното место е неизбежен, особено доколку работата е поврзана со ...

Close