Се’ за храна: Пилешки стек со пица вкус – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Се’ за храна: Пилешки стек со пица вкус

Како би можеле да уживаме повеќе во јадењето?! Овој пилешки стек со пица вкус е брзо, лесно и многу вкусно јадење, а нема никаква тешкотија за да се подготви!

Што е важно? Како и во секоја област на занимање, креативноста е еден клучните фактори за создавање убави нешта. И благодариме на Невена за нејзиниот супер рецепт, а веруваме дека ќе им се допадне на сите, млади и возрасни.

Состојки:

  • 4 парчиња пилешки стек
  • 8 лажици доматно пире
  • 110 гр рендан кашкавал
  • 1 лажиче оригано.

Подготовка:

  1. Парчињата пилешки стек посолете ги, набрашнете ги и испржете ги во масло.
  2. Така испржени ставете ги во плехче за печење.
  3. Врз секое парче ставете по 2 лажици доматно пире, рендан кашкавал и наросете ги со оригано.
  4. Ставете ги да се печат на 200 степени за време од околу 10 минути или додека да се стопи кашкавалот.
  5. Јадењето послужете го додека е топло со вашата омилена салата. На здравје!

Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.

Ви препорачуваме да прочитате: Печен пилешки стек со малибу сос.

Превземено од: sezahrana.mk

Би те интересирало и

Само еден миг е потребен за да ја изгубиш самодовербата

За жал, чувствувам дека сме отидени до таму што довербата ништо не ни значи и ...

Се’ за храна: Смути со јагоди и банана

Супер појадок или вкусна ужина послужена во чаша! Пробајте нашиот нов рецепт за подготовка на ...