Се’ за храна: Рецепт за домашно мачмалоу

Сочно и нежно, меко како облаче! Време е за највкусното домашно мачмалоу! Да се потсетиме на прекрасниот мирис на детството.

Дознавме дека овој рецепт оригинално потекнува од Риека, а деновиве се одлична можност за ваков десерт. Потребни се неколку состојки и малку време да се излади, па ако го подготвите вечерва, утре ќе можете да уживате во вкусот на нежните пенести. Рецептот е проверен и од нашата пријателка Лана, а еве како да го направите.

Состојки:

  • 300 гр шеќер
  • 75 шеќер во прав
  • 1 белка
  • 150 мл ладна вода
  • 2 кесички желатин (20 грама)
  • 150 мл топла вода
  • 200 гр кокос за декорација
  • 1 лажица какао.

Подготовка:

  1. Во длабок сад ставете го шеќерот, белките и ладната вода. Посебно растворете го желатинот во топлата вода, па додајте го во претходната смеса. Матете со миксер околу 30 минути.
  2. Измешајте ги какаото и кососот, па еден дел распоредете го на дното на прагоаголна тепсија.
  3. Потоа, посипете од изматената смеса, израмнете добро и повторно посипете од смесата со какао и кокос. Чувајте го на ладно, а може и да го замрзните.

Предлог плус: Во изматената смеса можете да додадете и неколку капки арома/екстракт по вкус, на пример од малини, па колачот ќе добие нежно розева боја и фин вкус. Исто така, готовите мачмалоу коцки можете да ги ставите на стапчиња или цевчиња и да добиете декоративни колачи.

Ви препорачуваме да прочитате: Чоколадни кремасти коцки со бисквити и лешници.

Превземано од sezahrana.mk

Би те интересирало и

Божикно дрво погодено од гром, пристигна во Ватикан

Божикното дрво што пред неколку години во Полска „преживеа“ удар од гром, е поставено на ...

Калифорниец ќе полета кон небото за да „докаже“ дека Земјата е рамна

Жител на америкнската сојузна држава Калифорнија, кој верува дека Земјата е рамна, има намера самостојно ...