Се’ за храна: Смути со јагоди и банана – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Се’ за храна: Смути со јагоди и банана

Супер појадок или вкусна ужина послужена во чаша! Пробајте нашиот нов рецепт за подготовка на смути со јагоди и банана. Позитивна карактеристика на ова смути е тоа што може да го правите преку целата година затоа што во рецептот се користат замрзнати јагоди. А ако сакате може да го направите и со свежи јагоди, но во тој случај, најдобро е бананата претходно да ја замрзните. Било и како да го направите, веруваме дека ќе биде едно од омилените кое сте го пробале.

Јагодите имаат ниска калориска вредност. Имено една чаша јагоди содржи само 43 калории, што обезбедува 13% од препорачливата дневна доза на растителни влакна кои овозможуваат намалување на крвниот притисок и спречуваат прејадување. Бананите содржат растителни влакна кои го подобруваат варењето на храната, го поттикнуваат растот на нормалната цревна флора и се корисни за елиминирање на штетните материи од организмот. Доволно причини да го започнете денот со чаша здравје од природата!

Состојки:

  • 2 чаши замрзнати јагоди
  • 1 банана
  • 1 чаша млеко (по желба може да користите домашно бадемово млеко)
  • 1 чаша коцки мраз
  • 1 лажица мед по желба.

Подготовка:

  1. Во блендер ставете ги замрзнатите јагоди, банатата исечена на помали парчиња, млекото, мразот и засладете со мед по желба.
  2. Миксирајте ги состојките додека се добие хомогена смеса. Готовото смути со јагоди и банана послужете го веднаш. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Како да направите совршено смуди?

Превземено од: sezahrana.mk

Би те интересирало и

Само еден миг е потребен за да ја изгубиш самодовербата

За жал, чувствувам дека сме отидени до таму што довербата ништо не ни значи и ...

„Фиќо” во Загреб доби дипломатски таблици

Стар модел од автомобилите Застава 750, популарниот „Фиќо”, заврши во возниот парк на Амбасадата на ...