Се’ за храна: Темно чоколадо: црно, но здраво!

Дали знаете дека темното чоколадо може да се јаде и при диета? Тоа е сојузник на добрата линија, а бидејќи се смета за здрава ужина се препорачува да се консумира секој ден по две до три коцки. Древните Маи го сметале за храна на боговите и не погрешиле: чоколадото е добро за здравјето. Секако, тоа се однесува на темното чоколадо. Имено, колку е потемно, толку е подобро за вашето здравје.

Во продолжените ви претставуваме пет добри причини за да јадете темно чоколадо.

Корисно е за здравјето на срцето

Темното чоколадо го штити здравјето на срцето и кардиоваскуларниот систем. Клиничките истражувања потврдуваат дека неколку коцки чоколадо на ден, го намалува крвниот притисок, го подобрува протокот на крвта, го спречува создавањето на тромбови и го намалува нивото на ЛДЛ „штетниот“ холестерол. Прочитајте кои 8 намирници помагаaт за регулирање на крвниот притисок.

Познато е како антидепресив

Чоколадото го поттикнува лачењето на серотонин, кој делува против депресија и ендофрин кој дава чувство на задоволство. Чоколадото одамна е познато како афродизијак, а тоа го прави популарен подарок за денот на заљубените.

Изобилува со антиоксиданси

Темното чоколадото и какаото се богати со антиоксиданси, кои може да се најдат и во овошјето, зеленчукот, житарките и јаткастите плодови. Антиоксидансите ги штитат организмот од предвремено стареење и многу болести, меѓу кои и карцином.

Може да ве интересира: 7 корисни својства на црното чоколадо.

Помага за регулирање на шеќерот во крвта

Без разлика на слаткиот вкус, темното чоколадо има низок гликемски индекс. Тоа значи дека консумацијата на темно чоколадо не го подигнува нивото на шеќер во крвта, што е добра вест за дијабетичарите. И не само тоа – флавоноидите кои ги содржи чоколадото, помагаат при дијабетес, затоа што ја подобруваат осетливоста на клетките на инсулин и гликоза.

Богато е со минерали

Темното чоколадо е богато со бакар, магнезиум, калциум, калиум и железо.

Зошто да изберете темно, наместо млечно чоколадо?

Темното чоколадо содржи повеќе антиоксиданси во споредба со млечното, затоа што има повеќе какао. Покрај тоа има помалку калории, ве заситува побрзо и е побогато со растителни влакна, што е подобар избор за лица кои сакаат да ослабат.

Ви предлагаме да прочитате: 4 причини да јадете чоколадо секој ден.

Превземено од: sezahrana.mk

Додади коментар

Би те интересирало и

Оризот важна состојка во исхраната на бебињата

Оризот на почетокот на исхраната на детето е основна житарка. Вистина е дека кај некои ...

Сливите како средство за забрзување на метаболизмот

Освен што се вкусни, сливите имаат благотворно дејство врз здравјето, бидејќи се многу богати со ...

Close