Се’ за храна: Што треба да има во чинијата за здрав појадок?

Сигурно многу пати сте слушнале дека појадокот е најважен оброк во денот. Затоа вреди да вложите малку повеќе време за да си обезбедите висококвалитетна храна која ќе ви ја даде потребната енергија, а нема лошо да влијае на вашето здравје. Доколку за појадок изберете храна со низок гликемски индекс, организмот ќе може подобро да ги согорува мастите за време на вежбањето, а и неколку часа потоа. На тој начин, ќе ја задржите посакуваната телесна тежина и доброто здравје.

Вклучете протеини во порцијата

Протеините ќе ви дадат чувство на ситост, а освен тоа ќе ги обезбедат потребните аминокиселини кои се неопходни за обновување на мускулите. Млечните производи како јогуртот и млекото, нека бидат прв избор за креирање на појадокот. Јогуртот е одличен извор на протеини и содржи околу 8 до 10 грама по порција. Се препорачува со јогуртот да испиете и една чаша вода, затоа што јогуртот ја помага апсорпцијата на водата во цревата. На тој начин ќе бидете хидрирани и свежи. Покрај млечните производи, и некои растенија се одличен извор на протеини. Прочитајте како може да внесете доволно растителни протеини за време на појадок.

Совет плус: Направете смеса од овесни снегулки и суво овошје, а потоа чувајте распоредете ја во мали кесички. Држете ги на посебно место во кујната, секогаш нека ви бидат на дофат и подгответе ги кога ќе немате многу време. Промешајте ги со јогурт или млеко и уживајте во брзиот здрав појадок.

Не ги избегнувајте јагленохидратите

При изборот на јаглените хидрати најдобро е да вклучите житарици во цело зрно. Тие се важен извор на растителни влакна, но сепак мора да внимавате при изборот. При купување изберете житарици кои имаат ниска вредност на масти и калории, а голема вредност на растителни влакна, како што е овесот.

Совет плус: Додајте ги во кисело млеко или јогурт, ставете неколку лажици малини и лешници за да ви биде уште повкусно. Житариците ќе ве заситат дури до ручекот.

Искористете ги витамините и растителните влакна од зеленчукот или овошјето

Добриот појадок, покрај протеини и јагленохидрати, треба да содржи витамини и растителни влакна. Најдобар избор за тоа се свежиот зеленчук или овошје. Ако не сте голем љубител ви препорачуваме да ги прочитате овие идеи ќе ве мотивираат почесто да јадете овошје и зеленчук. При подготовката на појадокот, во половина од чинијата ставете го омилениот зеленчук. Покрај тоа, не заборавајте да се напиете јогурт. Тој освен со протеини е значаен извор на витамините Б5 и Б12, чија задача е да ги чуваат црвените крвни клетки и здравјето на нервниот систем.

Совет плус: Сите кои што не можат да појадуваат наутро, најдобро е да направат свежо цеден сок или смуди. Одмрзнете го вашето омилено овошје и дотурете кисело млеко или јогурт, добро измиксирајте го и испијте го до последната капка. На тој начин ќе внесете доволно витамини и растителни влакна за енергичен почеток на денот.

Друга идеја е да направите зелено смуди, кое е одлична замена за појадок кога сте во брзање. Потребни ви се следните состојки:

  • 20 грама SLC Meal Replacement од ванила (повеќе за заменскиот оброк, прочитајте тука)
  • 100 мл полумасно млеко
  • 100 мл вода
  • 1 банана
  • 30 гр спанаќ.

Сите состојки ставете ги во блендер и измиксирајте ги. Започнете го денот полни со енергија!

Ви предлагаме да прочитате: 3 правила за појадок кои мора да ги почитувате.

Превземано од sezahrana.mk

Додади коментар

Би те интересирало и

Тиквички – вкусни, здрави и корисни

Тиквичките се вкусни, а содржат и многу корисни и здрави состојки. Вистинска ризница се на ...

Адитивите во храната ја зголемуваат телесната тежина

Бројни истражувања покажуваат дека конзервансите што се наоѓаат во храната имаат штетни дејства врз човековиот ...

Close