Се’ за храна: 10 причини зошто да консумирате костени почесто

Има многу причини за да ги вклучите костените во исхраната! Мирисот на печени костени кој се шири по улиците и ни е добро познат, е нешто кое на сите ни годи и тоа многу. И покрај тоа што се превкусни, можеби не сите знаат за многубројните предности кои тие ги имаат по нашето здравје. Па, ви препорачуваме да ги прочитате овие 10 причини зошто е убаво да се јадат костени.

Костените содржат помалку масти од останатите јаткасти плодови и имаат висок процент на скроб и витамин Ц. А, одлично е што, во продавниците за здрава храна може да се најде и костеново брашно кое се користи за правење на леб и печива. Ова брашно е совршено за лицата кои патат од глутенска интолеранција, бидејќи не содржи глутен.

Секогаш кога купувате костени бирајте поголеми плодови кои се сјајни и без дупчиња на лушпата.  Костените можете да ги користите за најразлични рецепти, а еве и 10 причини поради кои треба да ги консумирате почесто во вашата зимска исхрана.

Костените брзо ве заситуваат

Поради високата содржина на растителни влакна и сложени јаглени хидрати, кога консумирате костени брзо се чуствувате заситени. Затоа, тие се погодни да се консумираат од лица кои патат од прекумерна тежина кои сакаат да ослабнат.

Добри се за забите и за коските

Поради комбинацијата на калциумот, фосфорот и магнезиумот кои се содржат во костените,  тие се исклучително корисни за коските и забите.

Костените ја стимулираат функцијата на нервниот систем

Тие се богати со минерали и витамини од Б групата, па поради тоа благопријатно влијаат на нервниот систем и спречуваат невролошки промени на мозокот.

Можат да ги консумираат и дијабетичари

Поради бавната апсорпција на јаглехидратите, костените не го подигаат нагло инсулинот во крвта и затоа можат да ги консумираат и лицата заболени од дијабетес.

Ги содржат сите есенцијални амино киселини

Затоа е особено битно тие да се вклучат во исхраната на лица кои се вегани, како и во менито на постари луѓе и спортисти.

Брашното од костени не содржи глутен

Затоа, ова безглутенско брашно е идеално за исхрана на лица кои имаат целијакија и се интолерантни на глутен.

Костените се добри  против анемија

Костените содржат железо и во комбинација со некое свежо овошје кое содржи витамин Ц, помагаат во борбата против анемија и замор.

Костените имаат позитивно влијание на кардиоваскуларниот систем

Содржат добри маснотии и со тоа помагаат во воспоставувањето на пропорција на омега 3 и 6 масните киселини, со што го штитат срцето и крвните садови.

Помагаат  на лица со висок крвен притисок

Поради ниската содржина на натриум, а високата концентрација на калуим во костените, претставуваат одлична храна за лицата кои боледуваат од хипертензија. Нивното диуретично дејство, ги прави погодни за лица на кои им се задржуваат течности во организмот.

Благопријатно делуваат на дигестивниот систем и го помагаат имунитетот

Костените се богати со растителни влакна и поради тоа ја помагаат перисталтиката на цревата, ја подобруваат функцијата на цревната флора, а со тоа спречуваат и опстипација. Тоа се многу позитивни особини кои сите заедно влијаат на подобрување на имунитетот.

Ви препорачуваме да прочитате: 5 добри причини за редовно да јадете костени.

Превземено од: sezahrana.mk

Би те интересирало и

Одобрена првата таблета со дигитално следење во САД

  Американските регулатори од Агенцијата за храна и лекови ја одобрија првата пилула која може ...

Направи сам: Домашна маска за оштетена коса

Оваа маска е погодна за сите типови на коса, а освен тоа помага и во ...