Се’ за храна: 4 здравствени придобивки од јачменовата трева кои досега можеби не сте ги знаеле – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Се’ за храна: 4 здравствени придобивки од јачменовата трева кои досега можеби не сте ги знаеле

Кој би рекол дека јачменовата трева која е многу лесно да се одгледа во саксија во домашни услови е толку лековита? Засадете ја уште денeс и веднаш вклучете ја во вашата исхрана. Искористете ги бројните здравствени придобивки од јачменовата трева кои досега можеби не сте ги знаеле!

Јачменот кој е една од најодгледуваните житарки во светот има толку позитивни својства за човековото здравје. Иако најчесто се користи за производство на пиво и сточна храна, јачменот е супер храна и за луѓето. Од него може да си направите сок така што ќе го изблендирате со малку вода или исцедите во соковник и на тој начин ќе ги искористите сите негови минерали и витамини кои инаку се губат кога се консумира како јачмен во облик на зрно.

Изобилува со хлорофил

Исто како и пченичната, и јачменовата трева содржи многу хлорофил, кој е познат како одличен чистач на крвта, а истовремено ја подобрува крвната слика и го покачува нивото на хемоглобин. На тој начин, црвените крвни зрнца може да ги снабдуваат клетките со повеќе кислород . Оваа зелена супер храна игра важна улога и во заштитата на организмот од опасните канцерогени заболувања. Покрај тоа содржи и многу моќни антиоксиданси кои се борат против најразлични болести.

Го регулира покачениот лош холестерол

За сите оние кои сакаат да го намалат лошиот холестерол, јачменовата трева е најдобар лек за таа намена. Некои истражувања покажаа дека за само 21 ден од нејзиното користење (покрај здравата исхрана) значително се намалува лошиот холестерол, што било потврдено кај поголем број од испитаниците. Ако во исхраната се вклучи и јачменовото брашно, леб и печива, ефектот ќе биде уште поголем.

Претставува природен витамински суплемент

Изобилството од хранливи состојки, витамини и минерали кои се наоѓаат во само една чаша сок од јачменова трева го прават овој напиток еден од најдобрите природни витамински суплементи. Толку е ефтин и достапен за сите, па нема изговор истиот да не се користи. Некои истражувања покажаа дека јачменовата трева  ги содржи речиси сите витамини освен витаминот Д. Особено е богат со витамините Ц и А, а содржи дури и мали количини на витаминот Б12. Јачменовата трева има и значајни количини од минералите калциум, бакар, железо, магнезиум, калиум, фосфор, цинк и хром. Покрај изобилството на витамини и минерали содржи и 45% висококвалитетни протеини, како и сите 8 есенцијални амино киселини. Поради овие причини многу бодибилдери и професионални спортисти ја додаваат јачменовата трева во прав во своите смути напитоци.

Ја подобрува дигестијата на храната

Од јачменовата трева корист имаат и сите оние кои имаат проблем со дигестивниот систем и варењето на храната. Тоа се должи на тоа што оваа зелена супер храна содржи и многу важни ензими кои ја подобруваат дигестијата. Долгорочното консумирање на јачменова трева ги намалува симптомите на рефлуксна болест, но и на многу други болести на дигестивниот систем. Таа е исто така и богата со многу растителни влакна, па го прочистува дебелото црево од токсини и го одржува целокупното здравје на човекот.

Ви препорачуваме да прочитате: Со сок од пченична трева до подобро здравје.

Превземено од: sezahrana.mk

Би те интересирало и

Газираната вода е корисна за организмот

Конзумирањето газирана вода може да биде корисно за организмот на повеќе начини, бидејќи помага при ...

Го зајакнува имунитетот, ги топи килограмите – Туширањето со ладна вода нуди низа придобивки

Туширањето со ладна вода претставува еден вид хидротерапија, која овозможува бројни здравствени придобивки. Ладната вода ...