Се’ за храна: 6 мали совети за побезбедна кујна – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Се’ за храна: 6 мали совети за побезбедна кујна

Редовно менувајте ги или стерилизирајте ги сунѓерите за миење садови

Кујнските сунѓери изобилуваат со најразлични бактерии кои може да предизвикаат разни болести. Тие се порозни и остануваат влажни долго време, што ги прави идеална подлога за развој на бактерии. Најефикасен начин да ги елиминирате сите бактерии од сунѓерот е да го исперете во машината за садови. Можете да ги стерилизирате и така што ќе ги ставите 5 минути во микробранова печка. Исто така, меѓу секое миење, сушете ги за да бидат што е можно пократко време влажни.

Купете неколку даски за сечење

Наместо да ги стерилизирате даските за сечење после секоја нивна употреба, можеби е поедноставно да вложите малку пари и да купите неколку даски кои ќе ги користите за посебни намирници. Потребно е да имате една даска за месо и една за зеленчук. На тој начин се намалува ризикот од вкрстена контаминација. Исто така, доколку прво сечете месо, добро измијте го ножот пред да почнете со него да го сечите зеленчукот. Експертите препорачуваат да користите дрвени наместо пластични даски и секогаш да ги миете во што е можно потопла вода и со детергент за садови.

Користете кујнски термометар

Недоволното термички обработено месо може да биде извор на разни зарази, бидејќи тоа е еден од начините на кој се шири салмонелата, ешерихија коли, токсикоплазмата и многу други бактерии. Токму заради таа причина добро би било секогаш да користите кујнски термометар доколку печете големи парчиња месо. Кујнскиот термометар не е воопшто скап и лесно може да се најде во продавниците за кујнска опрема.

Намалете ја употребата на пластичните предмети

Сите ние знаеме дека некои врсти на пластика содржат одредени хемикалии кои се опасни за здравјето. Некои истражувања покажаа дека хемикалиите од пластиката може да продрат во храната. Ако имате пластични садови кои се изгребани и оштетени, или пак ги користите многу долго време, можеби е време да ги замените со нови кои се изработени од некој друг материјал.

Набавете апарат за гасење пожар и научете како да го користите

Незгодите во кујната не им се случуваат само на неискусните. Туку тие може да им се случат и на најснаодливите и најискусните готвачи. Затоа, добро би било во кујната секогаш да имате исправен апарат за гасење на пожар, но и да научите како истиот да го користите во случај на потреба.

Ви препорачуваме да прочитате: Најпрактични совети за опремување на кујна.

Превземено од: sezahrana.mk

Би те интересирало и

Газираната вода е корисна за организмот

Конзумирањето газирана вода може да биде корисно за организмот на повеќе начини, бидејќи помага при ...

Го зајакнува имунитетот, ги топи килограмите – Туширањето со ладна вода нуди низа придобивки

Туширањето со ладна вода претставува еден вид хидротерапија, која овозможува бројни здравствени придобивки. Ладната вода ...