Се исчисти тетовската депонија за предизборен маркетинг – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Се исчисти тетовската депонија за предизборен маркетинг

Кандидатката за градоначалник на Тетово од редовите на ДУИ, Теута Арифи  се пофали дека на крајот од нејзинот мандат успеала да ја исчисти дивата депонија на влезот од Тетово. Таа одржа прес конференција на локацијата на поранешната дива депонија на влезот од Тетово, од каде вети дека ако ја добие довербата од граѓаните на 15 октомври, целосно ќе го реши проблемот со комуналниот смет во градот.

Рече дека го одржала својот збор на претходната предизборна кампања, во која најавила, дека целосно ќе биде исчистена дивата депонија.

Местото каде беше лоцирана дивата депонија според Арифи е во државна и приватна сопственост.

„Тој дел кој му припаѓа на приватни лица ќе се развива урбано соглаосно законските процедур, останатиот дел кој е државен ќе го преуредиме во парк“, рече Арифи.

На крајот од својот мандат за време не предизборието, актуелните градоначалници на Тетово,  кои бараа уште еден мандат од граѓаните, секогаш ја чистеле дивата депониата, која за време на нивното четрири годишно владеење ги труеше тетовци. Така беше и со претходната локална самоуправа.

Но градските власти, конечно решение со сметот не успеаа да најдат. Депониите се чистеа, но повторно откако градоначалниците ќе седнеа на фотелјата, се создаваа нови депонии, само на други локации.

 

Зоран Димовски

Би те интересирало и

В понеделник делови на општина Аеродром без струја

  Заради закажани технички зафати во дистрибутивната електромрежа, без електрична енергија во понеделник ќе останат ...

Одбележан патронатот на тетовската касарна Кузман Јосифоски Питу

Пред споменикот на народниот херој Кузман Јосифоски Питу во Тетовската касарна која го носи неговото ...